March 28, 2024, 11:28 pm

ШИЛЕГОВ НА МИТИНГ ВО БЕЛГРАД: Петре Шилегов ќе зборува на митингот на Демократската партија во Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоналникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе се обрати на митингот на Демократската партија во Србија и нејзините коалициони партнери, кој ќе се одржи вечерва. Шилегов ќе биде претставник од СДСМ, сестринската партија на Демократската странка, откако нејзиниот претседател, Драган Шутановац, го поддржа Заев на изборите во Македонија.

„Нашите партии се сестрински, поддршката од Заев ни значи, пред се, затоа што се работи за претседател на Влада на една соседна земја, а тоа што ќе дојде Шилегов има симболично значење затоа што се работи за градоначалник на главниот град, кој со леснотија победи во Скопје и тоа ни дава на нас ветар во грбот“, велат од партијата за српските медиуми.

Шутановац е кандидат за градоначалник на Белград на изборите што треба да се одржат на 4-ти март. Дел од коалицијата „Да го ослободиме Белград“, се Социјалдемократска странка, Нова странка и Зелена еколошка партија.

Демократската партија на Србија е најголемата централно лева партија во Србија, и петта најголема партија во парламентот. Нејзин претседател во минатото беше Зоран Џинџиќ, кој ја извршуваше функцијата премиер се до атентатот во 2003 година.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This