ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА СПРЕЧИ ВТОР НАПАД: 120 км јужно од Барселона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанската полиција соопшти дека спречила втор терористички напад во летувалиштето Камбрилс, 120 км јужно од Барселонa.

Еден автомобил удрил во пешаци околу полноќ на шеталиштето во Камбрилс исто како и комбето кое во Барцелона уби 13 лица вчера попладне.

Во оваа акција на шпанската полиција се убиени  петмина терористи кои подготвувале сличен напад во Камбрилс, а  ранети биле шестмина цивили и еден полицаец. Од нив едно лице е со тешки повреди.

Можните терористи подготвувале голем напад кој требало да предизвика многу жртви. Кај нив се најдени експлозивни направи кои ги носеле на себе. Полицијата соопшти дека настаните во Камбрилс се поврзани со нападот во Барселона, за што одговорноста за презеде Исламската држава.

Во Шпанија е прогласена тридневна жалост.

Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека неговата земја е солидарна со тагата во Барселона и во други градови на Европа, кои биле цели на терористички напади.

По вчерашниот напад, Рахој ја посети Барселона. Тој изјави дека во моментот жртвите и нивните роднини и пријатели се главниот приоритет на властите.

Тој изјави дека Каталонија била цел на напад на џихадистичкиот тероризам, како и други градови во светот.

Според него, жителите на Париз, Ница, Брисел, Берлин и Лондон ја почувствувале истата болка и несигурност, како жителите на Барселона вчера.

За Шпанија овој напад е најкрвавиот од 2004 година, кога напаѓачи инспирирани од Ал Каеда извршија координирани напади врз патнички возови во Мадрид, во кои загинаа 192 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This