March 28, 2024, 11:33 am

ШПЕКУЛАЦИИТЕ ТОЧНИ: „Брилијант“ пропадна, вработените отпуштени, фирмата увезувала срспко масло за јадење со екстра-низок квалитет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпекулациите, сепак реалност. Македонската компанија за производство на маслото за јадење „Брилијант“ е компанијата која што го увезувала српското масло за јадење со низок квалитет.

brilijant

Во текст објавен на 28.12.2016 година, беа отворени сомневања дека една македонска компанија за производство на масло за јадење, увезува неквалитетно масло за јадење кое е под сите стандарди пропишани со закон. Станува збор за „еминентната“ компанија Брилијант од Штип, чиј сопственик е Мите Николов, кој заедно со својот внук Дејан Мијалов, сопственик на компанијата Марио Трејд Ком, исто така од Штип, го увезувале ова масло од „Викторија Груп“ од Шид – Србија. Истото го танкирале во цистерни за транспорт до нивната фабрика, за потоа да го флашираат и продаваат на македонскиот пазар со брендираното име „Брилијант“.

Инаку, компанијата „Викторија Груп“ од Шид е позната во Србија како голем производител на био-гориво, каде што го бележи својот раст, додека далеку помалку како производител на масло за јадење.

zejtin

Истото ова масло било увезено од страна на некои компании од Косово, меѓутоа од страна на институциите за контрола на храната, кога утврдиле дека истото е спротивно на стандардите на Правилникот за храна, било вратено назад кај производителот на истото.

Како што наведуваат во дневниот весник „Вечер“, се шпекулира дека овој најголем претставник на штипското производство, ја доживеал својата пропаст. Имено, вработените од оваа компанија биле исплатени заклучно со 31.12.2016 година и отпуштени од работа. Самиот сопственик, својот неуспех го препишува на светската берза, каде што наводно цените на суровините енормно се покачиле.

Информациите што доаѓаат од бизнис круговите од Штип, во компанијата на Мите Николов останале само пет лица на работа, на кои единствената дејност им е само флаширање на неквалитетното српско масло за јадење.

Ваквото негово тврдење е неосновано, бидејќи има и други компании од Македонија кои се занимаваат со производство на масло за јадење, а ова кај нив не е случај, туку напротив, бележат раст на своите фирми.

Компанијата „Брилијант“, беше вмешана во кршењето на ембаргото кон Србија, кога во деведесетите години од минатиот век, беа врзувани со нелегална продажба на нафта и нафтени деривати. Наводно истите ги транспортирале со истите цистерни во кои превезуваа и масло за јадење, но тогашните институции го заташкаа целиот случај.

Исто така, компанијата „Брилијант“ беше вмешана и во случајот со увезеното масло за јадење од Украина, кое во 2008 година влезе на македонскиот пазар и предизвика големи реакции во македонската јавност, бидејќи подоцна беше увидено дека станува збор за токсично масло.

Повторно ги повикуваме надлежните институции да ја истражат целата ситуација и да го затворат случајот со увозот на неквалитетното српско масло за јадење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This