ШТИПЈАНИ ГЛАСНО РЕКОА „НЕ!“: Граѓанската иницијатива „Будење“ денес собира потписи против населување на мигранти во Штип!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива за будење почнува зема замав низ градови, штипјани обединте под граѓанската иницијатива „Будење Штип“ се спротиставуваат на идејата за населување на мигранти во нивната општина. Како што кажа иницијаторот на кампањата, Видан Лазаров иницијативата почнува од денеска. Според нашите информации за многу брзо време во Штип се собрани повеќе од 500 потписи.

 

-Ние имаме за цел да ја анимираме јавноста, да ги информираме луѓето за акциониот план кој го донесе МТСП, за населување на мигранти низ цела Македонија. Одзивот во Штип е солиден, во општина Штип е предвидено да има околу 6.000 мигранти, ние сме овде тоа го спречиме, да им кажеме НЕ, последиците од тоа ги знаете, јавноста е запознаена. Терористички напади, силувања, разбојништва низ цела Европа, изјави Лазаров.

 

Лазаров напомена дека тие сакаат да делуваат превентивно, да ги соберат потписите, да ги достават до Советот на општина Штип, со што би можеле да направиме еден референдум, каде граѓаните ќе го кажат своето големо не за мигрантите во општината, вели тој.

 

Акцијата покрај во Штип, се одржува во многу други општини низ државата, а секојдневно се шири и во други општини од нашата држава. Граѓаните гласно кажуваат не против доселувањето на мигранти на територијата на Република Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This