ШТО СЕ ЗБРОУВАШЕ НА СРЕДБАТА СО ЖЕЛЕЗЊАК: Русија заинтересирана да ја заштити Македонија од дезинтеграција – отворени можност за влез во Евроазиската унија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу векови, народите на Русија и Македонија се тесно поврзани во историските и културолошки корени – вака започнува официјалното соопштение на руската владеачка партија „Единствена Русија“ по средбата со лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски


Двете страни дискутирале во врска со развојот на политичката, економската и културната соработка, како и за важноста на зачувување и зајкнување на духовните врски помеѓу Русија и Македонија.
„Русија и Македонија се обединети во заедничките духовни вредности, заедничките Православни и Словенски традиции. Многу векови нашите народи се тесно поврзани во историските и културолошки корени“ – потенцира Железњак.

„Денес, со длабока загриженост гледаме како, под директен притисок однадвор, постојат брутални обиди за вмешување во внатрешните работи на суверената Македонија, промена на националниот иденитет, името на земјата, Уставот, државната структура и националните симболи. Сето ова се имплементира со цел Македонија да се претвори во протекторат на НАТО против волјата на мнозинството граѓани. Таквите активности, не само што ја дестабилизираат внатрешната политичкаситуација во Македонија, туку имаат и негативно влијание на безбедноста и стабилноста на целиот Балкански регион“, додава Железњак.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, обрнал внимание на птребата за развивање на меѓупартискиот дијалог на теми како политиката, економијата, хуманитарната и младинската соработка, како и зголемена соработка на ниво на општини. „Постои голем потенцијал во трговската размена помеѓу нашите земји, преку проширување на извозот на Македонските земјоделски производи“ – изјавил Јакимовски.

Железњак исто така нотирал дека помеѓу Русија и Македонија постои голем потенцијал за соработка, кој мора да биде имплементиран со поддршка на патриотските сили во земјите. „Постои добра економска платформа за развој на нашата економска релација, имајќи во предвид дека Македонија не се придружи на анти-Руските санкции. Во Мај, Македонската страна го покрена прашањето за можноста за склучување на договор за слободна трговија од Македонија во Евроазиската економска Унија, следејќи го примерот на Србија, кој сега е под анализа на експертско ниво. Во исто време, соработката со Евроазиската унија не наложува никакво условување во однос на трговијата која Македонија ја има со Европската Унија. Соработката во рамките на Евроазиската унија е дополнителна можност за промовирање на Македонските прозиводи на Евроазискиот пазар“ – истакнал Железњак.

На оваа тема се разговарало и во врска со иницијтивата за формирање на Балканска царинска унија, која според двете страни во разговорите, ветува голем потенцијал, имајќи во предвид дека слободната трговија со Русија ќе се одржи.

„Во овој случај се формира региоален пазар со 20 милиони потрошувачи, што би значело зголемен интерес кај меѓународните организации и големите инвеститори, од Исток и од Запад“ – додал Стоилковиќ.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This