March 19, 2024, 11:55 am

ШТО СТЕ ВО ИНДИЈАНСКИОТ ХОРОСКОП: Секој човек на раѓање добива едно животно како чувар и заштитник, кое е вашето?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу индијански култури (не индиски) веруваат дека во моментот кога еден човек е роден му се доделува едно животно кое е негов чувар и заштитник во текот на целиот живот. Проверете што за вас велат старите добри Индијанци!
indijanec

Видра (20 јануари – 18 Февруари)
Мала, комплицирана и невообичаена, видрата е животно кое тешко кој може да го свати. Оваа личност е доживеана како неконвенционална појава, па ретко кога луѓето се вртат за помош или да побараат некоја работа да биде завршена од нивна страна. Тоа е голема грешка, бидејќи иако неконвенционални видрите се доста ефикасни. Надарени со висока интелегенција и ефикасност видрите преку својата имагинација можат да го решат секој проблем или предизвик со минимален труд. Видрата е осетлива, сочуствува, храбра и искрена, но доколку е оставена во неуредна околина може да биде непристојна, бескрупулозна и бунтовна.

 

Волк (19 февруари – 20 март)
Длабоко емотивен и страствен, волкот е љубовник и во физичка и во филозофска смисла на зборот. Тој разбира дека љубовта е единственото нешто што на сите нас ние е неопходно и тој може да го обезбеди тоа по било која цена. Потребна му е слобода, но сепак е нежен и сочуствителен. Волкот во неговото окружување може да биде страствен, великодужен, нежен и благ. Но оставен сам на себе може да биде непрактичен, опсесивен и осветољубив.

 

Сокол (21 март – 19 април)
Нему му е во природата да биде лидер. На него се потпирате кога ви е потребен совет или конечна пресуда и одлука во необични ситуации. Покрај тоа, овој индијански знак не троши време безцелно, тој добро знае дека железото се кове додека е топло. Го краси невидена упорност и тој е битен и незаменлив дел од секој тим посебно во екпините спортови. Соколот може да биде суетен, но затоа е во право и некогаш може да биде арогантен. Во окружување во кое соколот има поддршка ќе му расне самодовербата, способноста за одржување на страста, а тоа ќе побуди и сочуство. Сепак, оставен сам и на цедило, соколот може да биде непристоен, нетолерантен, нестрплив и претерано осетлив.

 

Дабар (20 април – 20 мај)
Неговото мото е – превземи одговорност, прилагодисе и помини ја пречката. На дабарот, работата му е речиси се во животот, па е во состојба се да заврши со максимална самодоверба и ефикасност. Менталните способности му се мнгоу изострени, па на нив може и да се смета. На дабарот речиси се му оди од рака, но ставот “”Или по мое или никако”” често може да го доведе во неволја. Може да биде сочуствителен, великодушен, корисен и оддан, но и нервозен, посесивен, арогантен а понекогаш и кукавица.

 

Елен (21 мај – 20 јуни)
Еленот е главната муза на зодијакот. Тој секогаш може да ве насмее со неговиот совршен хумор. Доста е остроумен, па секогаш е добредојден гостин на забавите бидејќи е одличен соговорник. Неговата природна интелегенција го прави секогаш да биде свесен за неговата околина и случувањата околу него. Неговиот нарцисоизам може и да се претпостави со оглед на тоа што тој е главната зодијачка муза. Во заштитени услови тој е инспиративна сила за негување на односите, но ако го отавите сам тој за кратко станува себичен, нерасположен, нестрплив, дволичен и мрзелив.

 

Клукајдрвец (21 јуни – 21 јули)
Клукајдрвците се посветени на негувањето. Тие се совршени слушатели, полн сочуство и дефинитивно некој кој сакате да го имате на своја страна секогаш кога имате некој проблем. Секако, како таков клукајдрвецот е и одличен родител, прекрасен пријател и партнер. По природа е скромен, снаодлив и организиран. Грижлив е, посветен и многу романтичен, но тоа лесно може да премине во љубомора, посесивност и пакост.

 

Лосос (22 јули – 21 август)
Електричен, фокусиран, интуитивен и величенствено креативен. Лососот е полн со енергија. Тој е природен мотиватор, неговата самодоверба и ентузијазам се толку големи што дури се и заразни. Не е потребно да бидете долго време со него, дури и ако неговата идеја најнапред звучи лошо. Великодушен е, интелегентен и интуитивен, па не е чудо што има многу пријатели. Тој е стабилен, мирен и сензуален, но често може да биде вулгарен нетолерантен егоист.

 

Мечка (22 август – 21 септември)
Прагматичен и методичен, мечката ја повикувате секогаш кога ви е потребна стабилна рака. Неговата сталоженост, практичност и методичност го чинат одличен деловен партнер. Во повеќето сценарија тој е гласот на разумот и решавачот на проблеми. Инаку, обдарен е со големо срце и сака великодушно луѓе. Малкумина знаат дека мечката е многу скромен, па дури и срамежлив. Одличен наставник и ментор. Ќе ве обвие со љубов и племенитост, но може да биде и скептичен и мрзелив.

 

Гавран (22 септември – 22 октомври)
Полн со ентузијазам, гавранот е природен шармер без ни малку труд. Неговата енергија лесно се препознава, па повеќето се согласуваат и се вртат кон неговите идеи и мислења. Идеалсит е, а дипломатијата му е посилната страна. Едноставен е, интуитивен, романтичен и трпелив, но често може да биде недоследен, осветољубив и да бара многу од партнерот.

 

Змија (23 октомври – 22 ноември)
Змијата е природна во секој поглед. Лесно е да се поистоветите, па затоа е и одличен духовен лидер. Предничи во медицинските професии, бидејќи нејзиниот талент за лечење ги надминува сите останати. Преокупацијата на змиите со прашања кои се надвор од овој свет, често ја чини мистериозна и страшна во очите на останатите. Вистината е дека може да биде таинствена и помалку мрачна, но и чуствитела и доста грижлива. Може да биде страствена, духовита и инспиративна, но и насилна и склона на ненормални пореметувања во расположението.

 

Був (23 ноември – 21 декември)
Променлив и непостојан, бувот е тешко да го врзете за едно место. Бувот е топол, природен и едноставен, и воедно е најголемиот пријател на целиот свет. Ја следи глас дека животот го живее брзо, со полни гради и е склон кон авантури. Тоа сепак може да биде на сопствена штета бидејќи, знае да биде несовесен, невнимателен и непромислен. Бувовите се големи уметници, наставници и конзерватори. Меѓутоа поради својата посветеност тие се издвојуваат во секоја професија. Осетливи се и одлични слушатели, но можат да бидат и горки, претерани и воинствени.

 

Гуска (22 декември – 19 јануари)
Ако сакате нешто да биде направено викнете ја гуската. Таа е истрајна, упорна и амбициозна до срж, поставува цели и секогаш ги достигнува. Одлучна е да успее по секоја цена, не поради тоа што сака да се докаже некому, но бидејќи целото време се бори со својот внатрешен непријател на кого и му се докажува. Затоа е одлична и во спортот и во натпреварувачките спортови. Кога е смирена во окружување на семејството, гуската може да биде духовита, сензуална, страствена и друштвена. Во спротивно, опсесијата може да ја доведе до зависност која со сигурност ќе биде и нејзиниот крај.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This