March 28, 2024, 12:31 pm

ЃЕЗМИЊА И КАФАНИ, НАМЕСТО РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ: Миленко Неделковски: Ем рикверц, ем пијаница!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од секогаш, најголемата закана за мирот и спокојствието на секоја власт биле земјоделците и работниците. Значи, работничката класа.

Од секогаш, току тие, биле измеќари, биле искористувани, пљачкани, лажени…

И од секогаш, тие биле најголемите родољуби.

Владата на ВМРО на чело со Груевски, прв пат од осамостојувањето проба, а бога ми и успеа, да ги истретира земјоделците подобро од било кој друг. А на работниците да им најде работа и да ја смали рекордното висока невработеност, на рекордно ниско ниво (во новиот Миленум).

Субвенции кои достигнаа скоро милијарда евра, трактори и механизација 50/50, помош на поплавени и на оние со оштетен род од природни непогоди…

Но, во оваа прилика сакам да потсетам дека во 10-те години наназад ниту министерот Љупчо Димовски, ниту пак неговиот наследник Цветков, секако и заменик министерот Ванчо Костадиновски, во ниту една секунда не беа седнати на лапачка, пијачка, пријатно друштво и музика од виолина на увце. Тие, назначени од ВМРО и Груевски беа министри и заменици министри посветени на работата и решавањето на проблемите. Работеа, работеа, работеа… Време за релаксација немаа. За гезме, уште помалку.

Па така, за сите оние што си гласаа за овие “да си лежат“, за “дојде живот“ и слично – покрај тоа што децата ќе им учат албанси, што нема да имаат 500 евра минимална плата, што Македонскиот Цар Самуил ќе стане Бугарски, што нема да го шитнат ами ќе го возат Мерцедесот, што веќе нема да се викаме Македонија – еве им можност и да ги плаќаат баханалиите на новите министри. Министри на кои не им е гајле за праските, тутунот, јаболките, купусот, житариците, стоката, субвенциите.

Како што би рекол Joseph-Marie, comte de Maistre (1 April 1753 – 26 February 1821) од поробената Савоја: “секој народ има таква политичка власт каква што заслужува“.

Ние сега ваква си заслуживме. Дали ни е арна, ќе видиме на следните избори.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This