ЃОРЃИЕВСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ДИМИТРИЕВСКИ: Имајте чесен однос кон сите граѓани, му порача Ѓорѓиевски на Максим Димитриевски од СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, попладнево му ја честиташе победата на неговиот противкандидат од СДСМ, Максим Димитриевски.

Тој истакна дека ќе ја почитува волјата на граѓаните.

-Му честитам на победникот и на сите кои се чувствуваат себеси за победници и ги потсетувам дека Куманово е наш град, на сите нас и треба да имаат чесен однос кон сите граѓани, а тоа значи почит, толеранција и помагање на секој граѓанин.Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, кои со својот глас на локалните избори донесоа одлука во каков град и во каква држава сакаат да живеат и јас таа одлука ќе ја почитувам. Не сакам да ги делам граѓаните на наши и нивни, бидејќи во своето живеење во овој град никогаш не сум ги делел, изјави Ѓорѓиевски.

Тој се заблагодари на своите соработници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за нивниот несебичен ангажман и целосно вложување во оваа кампања, која по многу нешта била уникатна и специфична.

-Им се заблагодарувам и на она наше членство кое ја згази лојалноста, а даде приоритет на личниот интерес, пред националниот. Допрва ќе сме сведоци низ какви премрежја ќе поминува Куманово и Македонија, период на историски одлуки со кои треба да се сочува честа и гордоста да се биде Македонец со име и презиме, со самопочит кон себе и кон другите, изјави Ѓорѓиевски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This