March 28, 2024, 12:48 pm

ЈОВАНОВСКИ:Заев нема образ, туку ѓон – Ни по 38 дена нема абер да ја даде ветената оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавноста виде колку држи зборот на аболицираниот криминалец Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

krsto-jovanovski

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Јовановски

Јавноста виде дека аболицираниот криминалец Заев нема образ, туку ѓон.

Поминаа точно 38 дена, а Зоран Заев нема абер да се повлече од политиката како што самиот вети доколку изгуби на овие изборите, а ги изгуби.

Помина повеќе од месец кога на 11-ти декември беше поразена деструктивната и манипулативна политика на СДСМ и на Зоран Заев. Народот мнозинската поддршка му ја даде на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“, а Зоран Заев се повлече и одлучи да се крие.

Ова покажува дека аболицираниот криминалец Зоран Заев има намера да ја држи во заложништво и својата партија, но и цела Македонија, само со една единствена цел да си ја зачува својата политичка кариера и да избегне соочување со правдата.

Таквата политика веќе не минува.

Зоран Заев мора да си поднесе оставка и да престане да изнаоѓа смешни оправдувања потценувајќи го народот.

И од Заев ако е, многу е.

Овој аболициран криминалец, доволно долго се затскрива зад улогата политичар. Овој човек е товар за македонското општество.

Тој е аболициран криминалец од 8 милиони евра во 2008-мата година. Тој создаде мрежа од семејни фирми на кои делеше тендери од буџетот на Општина Струмица за лично и семејно богатење.

Тој е исто така главниот лик од видеото едно евро за Црквата и едно евро за Вицето. Тој е човекот кој и кога прави фиктивна виртуелна гасификација, прави бизнис зделки за богатење на своите партиски пајташи.

Тој е човекот, да не заборавиме, кој најавуваше дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе партизира се, од чистачка до министер.

Тој е човекот кој најави менување на Уставот, редефинирање, кантонизирање и двонационалнолен карактер на Република Македонија.

Оставката на аболицираниот Заев е најдоброто нешто кое што може криминалецот Зоран Заев да го направи за Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This