ЈОХАНЕС ХАН СО ДРЗОК ОДНОС КОН ГРАЃАНИТЕ: Не ме интересира што сака да каже народот, Македонците да се научат да работат по платформи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелните случувања во Македонија станаа и предмет на интерес на официјален Брисел. Нивното досегашно ингорирање на македонското прашање само беше потврда на двојните аршини на Европската Унија кога стануваат збор балканските држави. Без преседан доколу се случеше во било која држава членка на Европската Унија, нејзината главна политика да биде по теркот на документ кој е изработен во соседна држава, тоа ќе беше скандал од огромни размери и веднаш осуден од челниците на Унијата, пишува порталот Журнал.нет.

johanes-han-640x359ukm67i76i6

Во Македонија веќе 22 дена над 150 илјади граѓани секојдневно протестираат токму против платформата која беше направена во Тирана а прифатена од лидерот на СДСМ као основа по која понатаму би работела идната држава. Легитимниот отпор на македонските граѓани организирани во инцијативата “За Заедника Македонија” е пред кулминација по улиците штитејќи ги црвено жолтите линии кои се браникот од кој не отстапуваат. Тие побараа и средба со Комесарот Хан кој треба да допатува во текот на утрешниот ден.

Оперскиот уметник Дурловски пред седиштето на ЕУ во Скопје изјави “Бараме комесарот Јоханес Хан да се сретне со нас за да може да му ги претставиме нашите цели и барања кои се фиксни и непроменливи“.

-Игнорирањето на нашите барања може да создаде само дополнителни ризици кои никој не ги посакува. Ако ЕУ е за почитување на граѓаните треба да покаже дека декларативните заложби не се само флоскули туку треба да преземе конкретни дела а еве сега за почеток може да прифатат средба”, изјави Дурловски.

Наспроти ова комесарот Хан низ одредени дипломатски кругови во Брисел информирал дека доаѓа со строга агенда и дека нема воопшто намера да се сретне со граѓаните кои протестираат.

-Немам намера да се сретнам со оние кои протестираат за нешто што веќе политичарите го договориле, граѓаните во тој случај се небитни, изјавил Хан, пренесува Журнал.

Тој во однос на прашањето за штетноста на тиранската платформа изјавил дека на тоа гледа како веќе завршена и договорена работа и дека било потребна рамка по која ќе се движат работите, а платформата во моментот е таков документ.

– Македонците треба да се научат да работат по платформи. Потребен е пат по кој треба да се движи државата, изјавил Хан.

Ваквиот негов став значи извесно афирмативно изјаснување на платформата со која се доведува во прашање опстојувањето на македонската држава.

Ваквиот жесток речник на Хан кој бил соопштен во неформални дипломатски кругови, во извесна мера и поблага форма беше потврден од неговата портпаролка Коцијанчиќ која во официјална изјава соопшти дека Хан нема намера да се сретне со македонските граѓани реставувани од иницијативата за заедничка Македонија.

– Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе, истакна Коцијанчич.

Инаку тиранската платформа предвидува фаворизирање на бинационална држава, за сметка на граѓанскиот карактер, воведување на двојазичност, двојазични униформи на армијата и полицијата, двојазични банкноти, разговори за промена на државниот грб, знаме и химна каде ќе бидат застапени и елементи на албанската заедница, како и носење на декларација за осуда на геноцид кон Партизание, Србите, Бугарите и Германците, пишува Журнал.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This