ЈУНКЕР СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ПУТИН Е НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ: Европа мора да ги подобри односите со Русија, таа е главен играч на Европскиот континент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија е важен учесник на меѓународната сцена, а не регионална држава, а Европа мора да го обнови контактот со Москва затоа што прашањето за европската безбеднот не може да се разгледува без учество на Руската Федерација, изјави во саботата шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер

„Мој пријател е Владимир Путин – ние се дружиме многу години, додуша сега и не можете да кажете дека Путин е ваш пријате – своевремено беше непријатно изненаден со едно тврдење на американскиот претседател Барак Обама дека Русија е само регионална држава. Русија е сѐ, само не тоа“, изјавил Јункер во интервју за холандскиот весник „Троув“, кој го пренесува весникот „Политико“.

Шефот на Европската комисија нагласил дека е неопходно да се врати дијалогот со Русија затоа што истата е главен играч во прашањата за европска безбедност.

„Мораме да научиме да разговараме со Русите на исто ниво, на ниво на очи. Неопходно е да го обновиме дијалогот со Русија. Русија е значаен играч. Нема никаков договор за бебзедност на Европа без Русија. Не ми се допаѓа денешната реторика за ‘студена војна’“, изјавил Јункер.

Шефот на Европската комисија, исто така, обрнал внимание и на тоа дека Европа понекогаш заборава дека е само дел од светот, а не негов газда.

„Забораваме дека сме мал и слаб дел од просторот. Ја губиме економската моќ. Полека, но сигурно се паѓаме со 25% од светскиот бруто национален доход на 16 до 18%“, наведува политичарот.

Јункер додава дека Европа не губи само на економски туку и на културно-демографски план, поради што европските политичари треба да бидат скромни и да го сослушаат остатокот од светот.

„Губиме на демографски план. Постоиме културно, но не доминираме. Поради тоа секогаш ги повикувам луѓето да се поскромни. Потребно е да го слушаме остатокот од светот“, заклучил европскиот политичар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This