ЌЕ ГО СМЕНАТ ИМЕТО КАКО ШТО ГО „ИЗГЛАСАА“ ТАЛАТ: Можно ли е пратениците од коалицијата на СДС да го промени името во Собрание?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали е правно возможно промена на уставното име на Македонија во законодавниот дом, само затоа што граѓаните им дале доверба на дел од народните избраници. Изјавата на спикерот Џафери дека ако парламентарното мнозинство изрази желба и во Собранието може да се случи преименување на нашата земја, ја разбранува експертската јавност, анализира телевизија Алфа.

Со ова практично им се ускратува правото на граѓаните на референдум да го кажат своето мислење. Правниците велат дека можноста Собранието да одлучува за името е правно неиздржана.

-Менувањето на уставното име повлекува и промена на Уставот на РМ, а за да се случи тоа потребно е двотретинско мнозинство, а не како што тврди Џафери да биде доволно апсолутното мнозинство, вели за Алфа професорката Тања Каракамишева.

Апсолутно е неприфатливо за едно фундаментално историско прашање за Македонија и македонскиот народ, да одлучува било кој освен самите граѓани, коментира поранешниот дипломат Ристо Никовски.

-Географската одредница која ја наметнуваат Грците, веќе е беспредметна бидејќи и Бугарија и Грција алудираат на временска одредница што е најмалку прифатливо за нас, бидејќи ги потврдува нивните тези дека ние сме некоја нова нација или новомакедонци, вели Никовски.

Оттука се отвора дилемата дали власта крои сценарио за промена на името токму преку Собрание и повторно да се прекрши Уставот, но и дали апсењето на 36-те граѓани кои влегоа во законодавниот дом беше превентивно заплашување да не бидат организирани протести, доколку Собранието го промени името, коментираат познавачите.

Од друга страна пак оставките на ДИК, дополнително ја скратуваат можноста народот да одлучува на референдум, бидејќи Комисијата е таа која може да го распише референдумот. Тоа практично е невозможно бидејќи новиот состав на ДИК треба да го избере Собранието со двотретинско  мнозинство, но во моментов опозиијата не учествува во собраниските расправи.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This