Бугарскиот европратеник Ковачев е восхитен од договорот за добрососедство и воопшто не се сомнева дека ќе биде потпишан. Всушност и тој потврдува дека не станува збор за признавање на македонскиот јазик, а уште повеќе се надева дека со договорот за добрососедство ќе се овозможи отворање и на бугарски кина и театри во Македонија. „Освен на постарите мора да мислиме и на младите генерации Бугари во Македонија“ вели тој, пренесува Република.
-Се зборува дека сме го признале македонскиот јазик. Ќе повторам уште еднаш, не сме. – вели тој во тв интервју посветено на договорот кој е најавен за потпишување, а кој власта го крие од македонската јавност.
Ковачев потоа зборува за бугарскиот интерес, па вели дека не треба да се зборува само за воено- историско наследство, културното наследство, спомениците, па се надоврзува со нелегално поставената спомен- плоча која што беше срушена од група Македонци.
-Но многу поважно е младите поколенија да имаат близок однос кон Бугарија, да го негуваат бугарскиот јазик, медиумите да учествуваат со телевизии таму. Да има бугарско кино, театар, култура кои ќе бидат отворена и кон младите поколенија на Бугарија – анализира Ковачев.
Всушност и Ковачев како и Божидар Димитров и цела низа бугарски јавни претставници нагласуваат дека тоа што очекуваат од договорот е создавање на „втора бугарска држава“ од Македонија, каде децата ќе учат за бугарската историја во која Македонците се „народ создаден од коминтерната по втората светска војна“.