April 25, 2024, 12:26 am

ЌЕ СЕ ИСПОТЕПААТ ЗА ПАРИТЕ НА УСАИД: Дали мајката на Александар Дојранлиев крадела пари од УСАИД и му ги давала нему?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Д.(56) од Гевгелија, одговорно лице во Здружение на граѓани „Патокази“ Гевгелија и управител на правното лице „Генет“ ДООЕЛ Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, пишува порталот Струмица Денес.

Според информациите на порталот, пријавената како одговорно лице на Здружение за граѓани „Патокази“ спротивно на чл.4,5 и 6 од Законот за судир и интереси, по однос на одобрен и финансиран проект од УСАИД врз основа на договор на дело овозможила на нејзиниот син А.Д., како менаџер на проектот да му бидат исплатени 3.500 американски долари од вкупно предвидените 8.800 долари.

На социјалните мрежи се појавија непотврдени информации дека лицето А.Д. е всушност Александар Дојранлиев, ангажиран во секторот за комуникации на СДСМ/Сорос, инаку познат како сопственик на фирма која се вика „Генет“.

Но, кривичната пријава за Ј.Д. не е само поради овозможување заработка за синот, туку и заради личен профит.

 

„Исто така, пријавената како секретар и портпарол на проектот за себе си доделила 3.500 долари, а 83.637 денари се исплатени и на правното лице „Генет“ ДООЕЛ-Гевгелија, исто така вклучен во проектот и тоа за исти работи кои А.Д. требало да ги заврши бидејќи се опфатени во договорот за дело.“ стои во информацијата на Струмица Денес.

Доколку зад иницијалите А.Д. се крие Александар Дојранлиев, тоа значи дека човекот задолжен за фото и видео монтажи во центарот за комуникации на СДСМ во овој случај два пати бил платен за иста работа, од неговата мајка, и тоа со пари од УСАИД.

Во јавноста одамна се тврди дека на ваков начин се плаќани стотици профитери кои се претставуваа како граѓански активисти, а одработуваа за СДСМ. Финансирањето преку УСАИД дури дојде и до американскиот конгрес, каде беше покрената постапка за да се провери дали преку пари на фондацијата фактички се помагала една политичка партија во Македонија, конкретно – СДСМ. Фактите од овој случај велат: да.

 

„Притоа лицето А.Д. се јавува како сопственик на фирмата „Генет“, а пријавената се јавува како управител, со што пријавената свесно го загрозила јавниот интерес на сметка на приватниот, непочитувајки ги одредбите од Законот за судир и интереси“, дообјаснува Струмица Денес за криминалната мрежа во која мајката и синот се под сомнение за злоупотреба на службената должност и овластување.

Александар Дојранлиев е автор на стотици фотомонтажи во служба на спрегата СДСМ/Сорос, со кои се манипулирала јавноста. Патем, Здружението на граѓани „Патокази“ беше редовен учесник во писмата на невладните соросови организации упатени до амбасади и разни чиновници низ светот со кои се водеше квази-граѓанската кампања на СДСМ преку актерите кои глумеа невладини активисти и граѓанско општество, а денеска повеќето од нив се вработија во влада како советници на Заев.

 

Освен некои, кои како што гледаме, се финансирале од семејството, кое се финансирано – од УСАИД.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This