ЌЕ СТОРАМ СЕ ЗА ПРАВДИНАТА ДА ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА: Невозможно е Мицкоски да стапи во контакт со Мукоски, Василески, Чавков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вториот дел од гостувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Само вистина“ започна со црниот четврток. Во тој контекст зобруваше и за онтактите со притворените пратеници.

-Немам контакт со притворените пратеници и логично е да немам, луѓето се во затворски притвор, а таму не се дозволени телефони за да имаме некаква комуникација. Во овој момент, од објективни причини, ми објаснија адвокатите, е невозможно и да го посетам во затворот. Сепак, контактирам со нивните семејства и со адвокатите, ја анализираме можоста како понатаму да продолжиме и сум запознаен со кривичното дело за кое се сомничат. Ќе сторам апсолутно се за да излезе правдината на виделина и тие луѓе да го добијат заслушеното достоинствено место во општеството.

Мицкоски најави дека во оптек се повеќе опции, се разгледуваат и политички и правни решенија да им се помогне на членовите на партијата, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески и поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков, но не сакаше да даде конкретен одговор дали партијата ќе побара амнестија за своите членови.

-Да оставиме времето да одговори на вашето прашање, рече кусо Мицкоски.

Не се работи само за политички, туку и за правен момент, рече Мицкоски, и најави дека за политичкиот терор на кој се изложени пратениците на оваа партија, правдата ќе се бара и па повисоки судови надвор од Република Македонија.

-Освен ова што рековте, и ова е опција за да го обелиме портфолиото на тие луѓе, рече Мицкоски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This