„ЏГАН, БАГРА, СТОКИ, КУРВИ ЕЛИТНИ“: Ова е дел од речникот на изборот за Јавен Обвинител на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конечно Зоран Заев си најде Јавен Обвинител по мерка, член на шарената револуција и човек опседнат со екс премиерот Никола Груевски. Ѕвонко Давидковиќ адвокат и коспоственик на адвокатското друштво ,,Давидковиќ & Јанковиќ’’ и токму официјалната страна на фејсбук на адвокатското друштво која ја користи за промоција на своите лични политички ставови. Тој инаку беше дел од невладината #Протестирам и Шарената револуција и жестоко го напаѓаше македонскиот правосуден систем. Тој воедно е и силен подржувач на СЈО.

Адвокатот Давидковиќ преку официјалната фејсбук страна на адвокатското друштво ги нарекува судиите „Џган, Багра, Стока , Курви Елитни, Крвопијци“. Човек кој своите колеги ги нарекува со овие погрдни зборови најверојатно се надева на целосен реизбор на судиите кој го најави Заев, бидејќи е очигледно дека не постои можност за професионален однос со своите колеги судии по искажаните навредливи зборови. Сепак постои и можноста тој да се надева на формирање на специјален суд за прогон на политичките противници на Заев за чија идеа редовно се залага.

Ѕвонко Давидовиќ редовно го навредува и му се заканува со затвот и на екс- премиерот Никола Груевски. Прашањето останува дали човек од ваков калибар кој не го почитува принципот на презумпција наа невиност може професионално да ја извршува една од најважните функции во правосудниот систем, функцијата на Јавен Обвинител?

Но очигледно е дека на владата на СДСМ на чело со Зоран Заев не и е потребна правда, туку обвинител кој ќе го ослободи од обвинението Заев и сите обвинети функционери и членови на СДСМ, а истовремено ќе ја продолжи инквизицијата кон членови на ВМРО-ДПМНЕ која ја започна СЈО. Во предизборието СДСМ ветуваше дека позицијата на Јавен Обвинител ќе се избира по предлог на опозицијата, но се по извесно е дека ова предизборно ветување нема да се почитува.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This