March 28, 2024, 10:09 am

ЏЕКИ КЕНЕДИ: Американската влада го уби мојот сопруг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најславната вдовица на светот до крајот на својот живот остана убедена дека нејзиниот сопруг е убиен во атентат што го подготвила група моќници во врвот на владата и војската на САД.

Аудиоснимката, која неодамна ја објави телевизиската куќа ABC, открива дека најславната вдовица на сите времиња, Џеки Кенеди, целиот живот верувала дека зад атентатот на нејзиниот сопруг во 1963 година стои претседателот Линдон Б. Џонсон. Верувала дека Џонсон во заговорот не бил сам и дека дејствувал со помош на група исклучително богати десничарски тескашки тајкуни.

Исповедта на сопругата на американскиот претседател, снимена по неколку месеци по убиството на Џон Кенеди, ја снимил Артур Шелесингер Јуниор, еден од реномираните историчари во тоа време, и таа снимка потоа ја скрил на безбедно, поточно во сефот на книжарницата на Кенеди во Бостон. Според нејзината лична желба, снимката требало да биде чувана во тајност 50 години по нејзината смрт и потоа да се објави.

Нејзината ќерка Каролин сепак одлучила да не ја послуша мајка си и снимката да ја објави неколку години откако Џеки почина од рак во 1994 година. Конечно, ТВ-компанијата ABC дошла до оваа снимка кога склучила договор со Каролин, која за возврат барала од телевизијата да се откаже од прикажување на телевизиската драма за семејството Кенеди, која многу ги потресло и неа и нејзиното семејство.

Случајот со убиството на Џон Ф. Кенеди е далеку од тоа дека јавноста и историјата го кажале последниот збор. Пред еден месец Националниот архив објави листа на документи поврзани со едно од историските најважни, а истовремено и најтајни убиства. Станува збор за 3.063 документи, кои Националниот архив ги објави во ноември 2017 година, нешто за што јавноста се избори со законот за слободен пристап до информациите.

Постои уште можност претседателот, без оглед дали станува збор за актуелниот или некој иден, некои од тие документи да ги прогласи тајни, што баш и не е премногу веројатно со оглед на поминатото време. Сепак, Националниот архив соопшти дека имињата и функциите на одделни личности наведени во тие документи се трајно избришани и практично се изгубени за навек. Документите ја опфаќаат студијата за карактерот на Ли Харви Освалд. Содржат и опсежна збирка од комуникацијата на директорот на ФБИ, Едгард Хувер, меѓу кои се истакнува една под името „Реакцијата на советниците и претставниците на комунистичката партија за убиството на ЏФК“, која една недела по извршениот атентат ја испратил Марвин Ватсон, шефот на канцеларијата на претседателот Линдон Џонсон.

Многу интересно е да се види и што пишува во дописот на Хувер за државната тајна за безбедност, како и наводната преписка меѓу Хувер и врвот на комисијата на Варен за Џек Руби, припадник на мафијата и сопственик на ноќен клуб во Далас, кој го уби Освалд два дена по атентатот на Кенеди. И тоа на многу необичен начин, во подрумот на полицијата во Далас.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This