ЏИНОВСКА ДИВОГРАДЕНА ЏАМИЈА ЌЕ НИКНЕ ВО ЧАИР: Паркобраните на Заев ги нема никаде да реагираат на сечењето на зеленилото!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Каде се паркобраните на СОРОС и противниците од СДСМ кои жестоко се противеа за изградба на легална црква во општина Центар и сечењето на пет стари дрва, сега да реагираат за сечењето на десетици дрва и изградбата на џиновска џамија дивоградба во општина Чаир?
zbir640

На огромна парковска површина со многудеценски дрвја во населбата Топанско Поле ќе се гради џамија. Просторот е веќе ограден со лимена ограда, а со забрзано темпо речиси за два дена е изградена монтажната лимена куќа, која веројатно ќе се користи за градежните работници.

Истите оние соросови активисти, кои себеси се нарекуваа „Паркобрани“ и кои наводно се залагаа за зачувување на дрвјата и зеленилото, сега ги нема никаде да излезат со било каква реакција за сечењето на многудецениските дрвја каде ќе се гради џамија. Истите оние кои жестоко протестираа за изградба на легална црква во центарот на Скопје, сега не им пречи тоа што се уништува парковска површина за да се изградија џамија дивоградба.
parkobrani

Во 2013-та година, токму оваа група политички инструирана од СДСМ и градоначалникот Андреј Жерновски започна протести кај хотелот „Бристол“ во центарот на Скопје, затоа што биле загрижени поради тоа што ќе се уништело зеленило за да се изградела црква.

Дека нивните протести имаа политичка позадина, а не стануваше збор за вистинска еколошка грижа покажува фактот што истите беа исценирани од страна на партиска група во која најголемиот дел беа функционери и вработени во Општина Центар, но и роднини на високи политичари од СДСМ. Оние кои со месеци ја манипулираа јавноста дека се грижат за зеленилото во Скопје, со низа постапки докажаа дека истите тие кои протестираа против сечењето на пет стари дрва на место каде што треба да се изгради црква, не беа ништо друго туку само група на луѓе која се користеше за партиски цели.
parkobran

Истите овие „Паркобрани“ молчеа и кога Андреј Жерновски сечеше дрва на улицата „Ѓорѓи Пешков“ во Дебар Маало, како и на низа други локации во централното градско подрачје. За таквите акции на Жерновски за сечење на дрвја немаше протести, вандалско рушење тараби, ноќни “дежурства“, транспаренти и огрдување на објекти во центарот на градот.

Овие активисти кои се претставуваа за независни дрвољупци беа редовен декор кога поради планските промени во согласност со урбанистичките планови се отстрануваше старо зеленило со цел да се реуредува просторот во централното градско подрачје.

parkobran-500

Некои дрва не заслужуваат протест во име на повисоките „непартиски“ цели

Селективното реагирање на групата наречена „Паркобрани“ е доказ дека протестите кај „Бристол“ беа политички мотивирани. Од „Паркобраните“ кои со ноќи го чуваа паркот кај Бристол, сега нема ниту трага, ниту глас кога во Чаир се уништува огромна парковска површина и се сечат многулетни дрвја.

Тоа што тие сега не реагираат, покажува дека тогаш не ги бранеле личните, туку бранеле партиски ставови. Ова само наведува дека дрвјата во Дебар Маало кои ги сечеше Жерновски и оние во Чаир кои сега ги сече Изет Меџити изгледа немаат иста политичка тежина како оние пред Бристол. За едните требаше партиски да се одработува, за другите не.

До каде може да оди лицемериото на СДСМ и Андреј Жерновски кога “уништување“ на зеленило е во прашање покажува и последните случувања кај поранешен „Чичко Стоилко“ во близина на ГТЦ. Изминативе денови Жерновски преку соопштение обвини дека последниот потег на град Скопје да ги исечело зимзелените садници на потегот од Триумфалната порта до ГТЦ било несфатливо уништување на зеленилото.
secenje-drva

На ваквите обвинување од Жерновски реагираше Градот Скопје, кој соопшти дека на ова место се искастрени неколку грмушки, а не дрва како што се наведува. Стручните служби од ЈП „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети.Истите оние кои сега реагираат за исечени диви грмушки, молчат кога истовремено се сечат десетици дрва во Чаир каде никнува огромна џамија дивоградба, која според последните информации ќе биде една од најголемите во Европа.
debardrvo4

Има ли “дил“ меѓу Заев и Меџити?! – СДСМ молчи за џамијата дивоградба, а кочеше изградба на легална црква во Центар

Општина Чаир и Изет Меџити засега молчат и не одговараат за грандиозниот верски објект кој ќе се гради на територија на општината. И додека СДСМ од една страна за пет исечени стари дрвја ја кочеше изградбата на легална црква во центарот на Скопје, сега социјалдемократите молчат за џамијата дивоградба во Чаир.
20170419083855

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали тоа е премолчен “дил“ на Заев со градоначалникот Меџити, кој во последно време повеќе делува како заменик на Петре Шилегов на портпаролското место во СДСМ, отколку како градоначалник на општина Чаир? Дали за сметка на молк за изградба на џамија во Чаир, СДСМ добива поддршка од Меџити за коалиција?

Од сето ова излегува на површина дека целото противење на СДСМ на сите градби е чисто поради теснопартиски и политички причини, а не поради еколошка грижа за зеленилото и дрвјата.
dzamija-1

Молк и од опозициските медиуми. Сдсмовските портали кои деноноќно ја следеа ситуацијата кај „Бристол“ и постојано известуваа за уништување на зеленилото, истите оние партиски активисти кои молчеа за сечата на дрвјата во Дебар Маало, сега нема да излезат со “жив штит“ пред дрвјата кои се сечат по наредба на Општина Чаир, бидејќи очигледно таму нема партиски интерес.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This