100 ДЕНА НЕНАРОДНА ВЛАСТ: 100 црни денови за Македонскиот национален идентитет, култура и јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод стоте дена од формирање на новата Влада на Република Македонија, денеска, потпретседателот на Граѓанската опција на Македонија, Љупчо Пренџов одржа прес-конференција и пред медиумите го изнесе партискиот став на ГРОМ во врска со политичката ситуација во државава.

-Изминуваат 100 дена откако СДСМ е устоличен на власт во Р. Македонија. Фактите покажаа дека тој што изгубил избори не само што не треба да води држава, туку и не знае да ја води. Изминатите 100 дена во кои владеат социјал демократите, ги оценуваме како 100 црни денови за Македонскиот национален идентитет, култура и јазик. Во сред лето, кога народот е по одмори на шверцерски начин Зоран Заев потпиша договор со Бугарија во кој ни го нема народот, јазикот, се откажува од нашето малцинство во Бугарија, а и ќе ја менува историјата по терк на Бугарија – истакна Љупчо Пренџов.

Тој потенцираше дека нова карактеристика на актуелната власт е забрзаното редефинирање на државата и воведување на бинационален концепт. Според Пренџов, СДСМ спроведе и кадровски смени, полни со непотизам и нестручност.

-Во здравството дојдоа на чело на клиничките центри, кадри блиски и роднински поврзани со веледрогериите. Во детската болница „Козле“,за директор е поставен гинеколог од Куманово. На одговорни функции се поставени неискусни кадри кои никогаш не работеле во клиниките. На пример, во ПУИК функцијата претседател на бордот на директори, ја извршува лице кое е апсено за земање на поткуп, без соодветно образование, морал и сомнителни организациони способности. Тие на кои власта им послужи како на пример пратениците и врхушката околу Заев си ги згрижија најблиските – посочи Пренџов.

Тој алармираше дека во одборот на директори на ПУИК, се наоѓа и сестрата на кандидатот за градоначалник на Бутел од СДСМ. Според него, покрај тоа што  во текот на август годинава е вработена во Народна Банка, сестрата на пратеничката Тања Ковачев е ставена  и за член на одбор на директори на ПУИК и минатиот месец истата е вработена во УЈП, но исто така, пратеничката Ковачев си ја згрижила и золвата во друг управен одбор.

-СДСМ успеа да го претвори невладиниот сектор кој наводно го имавме пред изборите, во целосно владин сектор по изборите. Најголем дел од водачите на невладиниот сектор денес се советници, шефови на кабинети и портпароли во владините институции.Со ова е нанесен тежок удар врз невладиниот сектор и цивилното општество. Со ова невладиниот сектор наместо коректор на власта, се претвори во апологет на владата –обвини Пренџов.

Според ГРОМ, моменталната состојба во економијата бележи негативни тенденции. Во градежништвото се отпуштаат работници и се удира по странските инвеститори, а наместо враќање и поддршка на мало стопанствениците, СДСМ започна со затворање на реномирани ресторани и кафулиња.

-Во меѓувреме се затворени повеќе култни локали каде што се собираа младите луѓе. Дали перјаница на ова затворање на локали е кандидатот за градоначалник на Карпош – прашуваат од Граѓанската опција на Македонија.

Оттаму обвинуваат дека новата влада на СДСМ на меѓународен план демонстрира изразено подаништвото и ги нарушува добрососедските односи со Србија. Од ГРОМ забележуваат дека пензиите нема да се покачат а министерката за труд и социјална политика покажала неспособност да спроведе една добра идеа за двосменско работење во градинките.

-Секретарот на Владата Драги Рашковски, кој е професор на правниот факултет, наместо да се грижи за законитоста во работењето, тој, антидатира смена на директори, и се заканува и врши мобинг на вработените во генералниот секретаријат при владата на РМ. Пожарите наместо владата ги, изгасна дождот. Во меѓувреме владата го подготвува народот за нови понижувања – промена на име и прием на стотина илјади бегалци. Ако по утрото денот се познава, ова е влада со најлоши први 100 дена од постоењето на самостојна и независна Македонија – додаде потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This