2.МЕХАНИЗИРАНА АМЕРИКАНСКА БРИГАДА СЕ СПРЕМА ЗА ДОЛГ КОНВОЈ: Американската војска се спрема за конвој од Германија до Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот воен портал „Страјпс“ пренесува дека 2.Механанизирана бригада во Европа, во вторникот во Германија имала вежби како подготовка за маршот од 2250 километри до Македонија, каде што ќе бидат дел од воената вежба „Сабја“

Конвој на воени возила се подготвува за долгиот пат до Македонија – Винсек, Германија

За да се подготват за можните опасности од ваквото патување, војниците извеле голем спектар на симулации на можни проблеми со кои би можеле да се соочат на долгото патување, вклучително и што да прават доколку се случи сообраќајка со цивилно возило во странска земја, како да се справат со механички проблем или комуникациски пречки.

За многумина од воените инженери, кои се релативно нови во Американската армија, ова ќе биде прва голема вежба – пренесува воениот портал „Страјпс“.

„Некои од нашите војници немаат многу искуство зад воланот, затоа сакавме да бидеме сигурни дека тие ќе одговорат на предизвикот ќе ги одржуваат возилата, и ќе реагираат добро во евентуална криза пред да тргнеме на пат“ – изјавил полковникот на 2.Механизирана бригада Стит. „На голем конвој како овој, било што би можело да се случи. Мораме да бидеме сигурни дека сме подготвени“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This