Се уште трае увидот на местото на трагедијата која денеска се случи откако се преврте автобус близу велешката патарина, велат за КУРИР, дежурните служби на МВР. Детални информации во врска со бројот на повредени, ќе се знат по извршениот увид
Она што во моментов е познато е само тоа дека автобусот бил со грчки регистерски таблици.
За случајот, велат од МВР за КУРИР, е известен и јавен обвинител. Повеќе детали најавија по извршување на целокупниот увид.
Бројот на повредени се претпоставува дека е голем, со оглед на тоа што патниците биле пренесувани во повеќе болници со повеќе возила на Брза Помош и од Скопје и од Велес.
Покрај со возила на брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Урегентиот центар во Скопје.
Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.