April 19, 2024, 10:29 pm

МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ:24 македонски патриотски здруженија потпишаа Повелба за соработка

Поврзано

- Advertisement -
24 македонски патриотски здруженија  во Велес одржале конститутивна седница на Македонскиот национален фронт и потпишале Повелба за соработка.
patrioti
- Advertisement -

„Повелбата за соработка на македонските патриотски здруженија во Македонскиот национален фронт е со цел заштита на виталните национални и државни интереси на Република Македонија. Идејата за оваа Повелба е да бидеме што подобро организирани како здруженија, да си помагаме едни со други во исполнување на нашите цели и задачи, да го продолжиме аманетот на оние историски личности од Македонија кои го положиле својот живот за слободна и независна Македонија.

 

Народот денес повторно се крена и повторно сам се организира, исто како во 1903 и во 1944 година. Свеста кај Македонецот проработува повторно, бидејќи државата е во опасност од некои центри и структури коишто сакаат да и ја свиткаат кичмата на нацијата. Ја информираме јавноста дека стоиме на браникот на татковината и сме подготвени со сите средства да ја браниме Република Македонија како единствена матична држава на Македонците. Обединети сме посилни и може со успех да придонесеме во зачувувањето на нашата убава држава Македонија“, изјави Јане Ченто, еден од иницијаторите на Македонскиот национален фронт.

Во Повелбата меѓу другото се вели дека „загрижени за иднината на нашата земја, а вознемирени од актуелната криза во која е заглавена земјата, се определиле да го дигнат гласот и да го повикаат народот да го проблематизира начинот на којшто се донесуваат одлуките поврзани со виталните национални и државни интереси, што треба да бидат донесени во Македонија, без меѓународна арбитража со политичко единство како најсилна брана против секаква внатрешна или надворешна закана, а не како инструмент на внатрешни делби и поделби меѓу Македонците“.

Македонските патриотски здруженија ја истакнуваат неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата, и сметаат дека прашањето за опстанокот и просперитетот на државата не е само работа на политиката и институциите на власта, туку, пред се витален интерес на народот.

„Здружени сме околу настојувањето да се почитува мислењето на народот јасно искажано на отворена сцена, не дозволуваме да се доведе во опасност концептот на унитарна држава кој што подразбира единство на македонската нација, неделивост и неотуѓивост на територијата на државата Македонија, неповредливост на границата и македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Отфрламе дезинтеграција на Македонија со федерализација и кантонизација, отфрламе територијални автономии. Обединети сме за неменување на името Република Македонија и бараме спроведување на попис на населението“, пишува во една од точките на Повелбата.

17806927_10207144657893939_1530283059_n

Членовите на Македонскиот национален фронт додаваат дека нема да дозволат рушење на државата и дека „сега е моментот да го осигуриме опстанокот и просперитетот на народот и државата и дека никој нема да ги руши основите на државноста и унитарноста, без оглед кој победува на избори или преговара со партија на македонските Албанци за состав на новата постизборна влада“.

Тие бараат прашањето за власта да се решава во Македонија, а не во соседни метрополи, во Брисел или на некое друго место и наведуваат дека се подготвени со сите расположливи ненасилни или дозволиви средства да ја бранат татковината и да ја почитуваат јасно изразената волја на народот.

„Сите ние, долупотпишаните патриотски сили во земјата, ќе се бориме со сите дозволиви средства и методи против сите облици за рушење на Република Македонија“, пишува во Повелбата.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This