НУХИУ ЗНАЕЛ ЗА СЦЕНАРИОТО: Каде е одговорноста за Нухиу, човекот кој знаел за сценариото во организација на тогашната опозиција?

  • December 6, 2017

Целата вина за состојбата која се случи на 27-ми април од сите надлежни органи е префрлена директно на Митко Чавков. Меѓутоа каде е одговорноста на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и другите надлежни луѓе?

Министерот Нухиу вечерта на 27-ми април единствено нешто што направи е само што ја префрли вината врз директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

-Сакам да ја известам јавноста дека вчера од моментот на ескалација на ситуацијата па се до 20:00 часот не беше достапен ртаководителот на штабот, господинот Митко Чавков не беше дпостапен за мене иако го барав и телефонски и лично во Оператиот штаб изјави Нухиу.

Нухиу никогаш не објасни еден момент. Во оперативниот Штаб освен тој како министер бил и заменикот директор на БЈБ. Па зошто наместо да врти телефон лично не издавал наредби да превенира ескалација на состојбата. Поготово што неговите сопартијци во повеќе наврати тврдеа дека имале сознанија за можни немири. Доколку Чавков не се јавувал на телефон како што тврдеше Нухиу, тој како министер освен што можел лично да ја мониторира состојбата пред Собранието можел и веднаш да овласти друг да ја превземе командата за да не ескалира состојбата. Но, сепак на 27 ноќта ништо од тоа не се случи. Наместо да дејствуваат министерот, заменик директор, раководителите на сите сектори во МВР чекале на телефон да се јави Чавков, истакна Гетева во емисијата „Несомено“ на Алфа Телевизија.

Чавков на гостување во емисија на ТВ Нова една недела по настаните пред целата јавност јасно кажа дека на 27-ми април бил апсолутно активен.

-Клучно е во тој еден час, Чавков е апсолутно активен. Значи они неможеле да направат анализа по бази и станици ако мојот телефон не бил активен. Точно знаат со кого имам комуницирано и по колку пати имам комуницирано. Еве сега јавноста има прилика да дознае. Мојата иницијатива, мојата комуникација беше со клучните луѓе коишто носат одлуки. Тоа беше драматично реорганизирање коешто траеше еден час за прегрупирање на постојните полициски служби со кои располагавме на подрачјето на СВР Скопје се со цел да се влчезе внатре и да се воспостави јавниот ред и мир. Да се заштитат животите на пратениците и да се обезбеди мирот во парламентот рече Чавков за ТВ Нова.

 

Претходно «
Следно »