ПУТИН СО ЕМОТИВНИ СЕЌАВАЊА: Моето семејство позајмуваше пари од соседите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин, вчера изјавил дека неговите родители пред 50 години морале понекогаш да позајмуваат пари од други луѓе, но дека сепак можеле да си дозволат телевизор, на кој гледале хокеј натпревари на Советскиот тим.

Путин тоа го изјавил гостувајќи во јубилејното издание на ТВ дневникот на “Времја”, кој на Првиот канал на руската државна телевизија почнал да се емитува на вчерашен ден пред 50 години, пренесува “Tass”.

“Не бевме богати, но имавме телевизор, како и нашите соседи. Моите родители живееја од плата до плата и понекогаш позајмуваа пари од други луѓе, но сепак можеа да си дозволат да купат телевизор”, рекол Путин одговарајќи на прашањето за старите ТВ емисии кои уште ги памти.

Рускиот претседател додал дека членовите на неговото семејство не гледале често телевизија.

“Мојата мајка навиваше за Советскиот тим и се сеќавам дека обично тоа го гледавме заедно”, рекол Путин.
На прашањето која ТВ емисија најмногу му се допаѓала пред 50 години, шефот на руската држава одговорил дека еден од највпечатливите настани е од периодот кон крајот на 60-тите години, односно летот на суперсоничниот авион “Ту-144”.

“Изгледаше како нешто фантастично, всушност и беше. Но, тогаш тоа беше и нешто незамисливо”, објаснил рускиот претседател.

Тој ги споменал и “извонредните спортски настани” и познатата серија натпревари во хокеј на мраз во 1972. година меѓу Советскиот Сојуз и Канада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This