МИКИ ВУЈИЌ ВЛЕГУВА ВО ТЕЛЕКОМ: Скопскиот адвокат Мирослав Вујиќ влегува во бордот на директори на Телеком

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот скопски адвокат и партиски функционер на СДС влегува во бордот на директори на Македонски Телеком, веднаш по назначувањето на Замир Мехмети и советникот на Оливер Спасовски, Горан Трајановски

Како што неофицијално дознаваме, познатиот скопски адвокат Мирослав Вујиќ ќе биде новиот член на бордот на директори на Македонски телеком, откако „мразот го скршија“ Горан Трајановски екс-советникот на Оливер Спаовски и Замир Мехмети, брат на Ермира Мехмети и заслужен учесник во „платеничката револуција“ на СДС.

Откако една од избраните членовина бордот на директор на Телеком заминува на местото пратеник во Собранието, празното место ќе го пополни токму Вујиќ како надомест на големиот долг кој партијата го има кон него за големиот број на судски процеси за врвни политичари од партијата, на кои Вујиќ им беше застапник.

Вчера на својот фајбук профил, доскорешниот советник во МВР се пофали со своето ново работно место во бордот на директори на Телеком. Тој постираше фотографија на која што е во прегратка со Замир Мехмети, брат на поранешната пратеничка и член на ДУИ Ермира Мехмети, кој е еден од водачите на таканаречената „Шарена револуција“

Горан Трајановски важеше за десна рака на актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и беше предложен за главен оперативен директор, а Замир Мехмети за неизвршен независен член.
Инаку, Оливер Спасовски кога беше назначен на позицијата технички министер за внатрешни работи го наполни кабинетот со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полицијата. Тогаш Оливер Спасовски го назначи Горан Трајановски за Државен советник за телекомуникации и информатика.

За Замир Мехмети излегоа многу информации во јавноста меѓу кои дека Замир лично барал од Зоран Заев вработување во Македонски Телеком на некоја раководна функција каде што ќе може да ги користи сите подобности како што се автомобили, шофери, платени ручеци додатоци и плата не помала од 3.000 евра. Исто така поставил ултиматум дека ако не било претходното возможно да биде назначен на раководна функција во Агенцијата за медиуми или АЕК. Тој според информациите го искористил погодниот момент за да направи притисок на Зоран Заев пред локалните избори.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This