ПЕНЗИОНЕРИТЕ ИЗВИСИЈА: СДСМ ветуваше мерки за пензионерите, но и по десет месеци тие уште не се дојдени на дневен ред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, соопшти дека министерството се уште работи на планот за стабилизација на Фондот за пензиско осигурување на Македонија со кој ќе ја намали висината на средствата што државата ги уплаќа за да се овозможи редовна исплата на пензиите.

Царовска по десет месеци откако седна во фотељата, најавува план за стабилизирање на пензискиот фонд. Очигледно заборава дека партијата која ја постави на оваа функција и ја предводи владата беше во опозиција 11 години. Тоа значи дека веднаш уште на 1-ви јуни кога СДСМ ја презема власта требаше да стартува со реализација на конкретни мерки, а не десет месеци подоцна да информира дека работи на план.

– Пензиите се стабилни и безбедни за сегашните пензионери. Во моментот правиме проценки како сите ние идни пензионери да имаме стабилни и безбедни пензии. Така што нема никаква паника околу тоа, но си земаме време да направиме детални анализи и проекции, рече Царовска.

Од друга страна во програмата на СДСМ пак се наведени неколку мерки, но и за истите нема ниту како, ниту кога ќе се реализираат.

Станува збор за следните мерки кои СДСМ ги ветуваше:

Дали граѓаните ќе ги добијат овие мерки, ќе покаже времето. Но, она што е очигледно е дека мерките тешко стигнуваат до реализација. Колку за илустрација, пензиите се уште не се покачени, минатата година направија ребаланс на Буџетот, но немаше вонредно зголемување на пензиите.

Или како што на почеток на месецов рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ:

„Во првите два месеца од 2018-та година владата успеа да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 545 милиони евра или во просек успеа да го задолжи секое семејство во Република Македонија за дополнителни 1.000 евра“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This