March 29, 2024, 12:55 pm

БУГАРИТЕ УТРЕ НА ПРОТЕСТИ: Утре протести пред синодот на БПЦ-бугарската јавност незадоволна од повлекувањето на бугарските владици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откажувањето на БПЦ од учество на одбележувањето на јубилејот 1000 години од ОА, што МПЦ ќе го организира во Охрид на крајот од месецов, не е одлука на целиот Синод на бугарската црква, вели аналитичарот Благоев. За ваквата одлука гласале 8 од 15те владици во БПЦ, а на состанокот не присуствувал Патријархот Неофит. Една од причините за ваквото решение на владиците во Софија, според Благоев, би можела да биде и одлуката на МПЦ да не ја покани БПЦ како мајка црква.

Тој вели дека резултатот од гласањето и неприсуството на задграничните владици на БПЦ, се доказ дека во бугарската црква има поделба по однос на ваквата одлука.

Одлуката на Синодот на БПЦ е големо изненадување и за јавноста во Македонија, но особено за јавноста во Бугарија, бидејќи Патријархот Неофит неодамна јавно изјави дека ако МПЦ испрати покана, тие ќе испратат своја делегација.

Ваквата одлука во Бугарија се толкува и како резултат на силно руско влијание, што пак ја отсликува реалната состојба на поделеност во Синодот на БПЦ и јасно ги посочува владиците кои се под големо руско влијание.

За утре пак пред синодот на БПЦ е најавен протест на поддржувачите на идејата за зближување на МПЦ и БПЦ

29 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This