AЦЕ КОЦЕВСКИ ТЕНДЕРАШ И КРИМИНОГЕН ФУНКЦИОНЕР: СДСМ со стари, компромитирани и со тешки криминали поврзани кадри оди на локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владеачката СДСМ со стари, компромитирани и со тешки криминали поврзани кадри оди на локалните избори на 15-ти октомври. Таков пример има во Велес, каде СДСМ повторно на изборите излегува со Аце Коцевски, кој минатите избори беше поразен од градоначалник и сега повторно негов ривал Славчо Чадиев.

Со Аце Коцевски се поврзани низа финансиски криминали од минатото, од неговото владеење со Велес директна финансиска штета имаа граѓаните на Велес, каде додека Коцевски командуваше со градот во Велес немаше редовно вода за пиење, секое лето имаше рестрикции, а жителите во високите зони имаа секојдневен проблем со водоснабдувањето. И порај тоа што граѓаните немаа редовно вода за пиење, сметките сепак беа зголемени за неверојатни 210 проценти.

Велешани прашуваат каде се парите земени од МЕАП кредитот со кој требаше да се заменат азбестните цевки во градот, но тоа не беше направено. Кај граѓаните постојат сомнежи поврзани со трошењето за овие средства.

Тој посочува дека Велес немаше редовно вода за пиење. Секое лето имаше рестрикции, а жителите во високите зони имаа секојдневен проблем со водоснабдувањето.

-Кредитот МЕАП што се зема во времето на Аце Коцевски го отплаќаше градот сѐ до 2015 година – цели 7 години по неговото заминување од функцијата градоначалник. Потрошени беа милиони, а Аце Коцевски се уште не одговори на сомнежите околу трошењето на овие пари, обвини вчера Јордан Витанов од СДСМ.

Како што пишуваа медиумите минативе денови, уште еден голем финансиски скандал има поврзан со Коцевски. Имено, тогаш градоначалник на Велес, Аце Коцевски на тендер за јавна набавка на нафта за затоплување на училиштата избрал фирма која што понудила повисоки цени што било во спротивност на Законот за јавни набавки.

Тоа го потврдила и државната второстепена комисија за јавни набавки која, по поднесена жалба на второрангираната фирма, го поништила тендерот. Имено, избрана како прворангирана била скопската фирма „Интернешенл трејд“, пред фирмата „Алма комерц“ од Неготино, иако понудата на неготинската била со пониска цена отколку понудата на скопската фирма. Образложението на тогашниот градоначалник Аце Коцевски било дека „Интенрешнл трејд“ понудила нафта со повисок квалитет од второрангираната и затоа, иако со поскапа понуда, и бил доделен тендерот.

Инаку, Општина Велес за затоплување на основните и средните училиштата тогаш располагала со буџет од преку 11 милиони и 650 илјади денари.

Уште еден пример кој велешани го паметат е проблемот со свлечиштето Рамина. Проблем кој ветуваше дека ќе го реши, а потоа велеше дека не е негова надлежноста. Во тој период на луѓето од Рамина им се рушеа куќите и половина град беше во опасност од хуманитарна катастрофа, а тој бегаше, се правдаше и се прогласи за ненадлежен, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Внимавајте, половина град му се руши на градоначалникот, а тој се прогласи за ненадлежен. Не сакаше да одвои ниту еден денар од буџетот на општината за да се помогне на луѓето. Парите му беа потребни за шминкање на фасадите. Во мандатот на Коцевски училиштата беа целосно заборавени. Не се реконструираше ниту едно единствено училиште, изјави Витанов од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат граѓаните на Велес, владеењето на Коцевски посебно го паметат занаетчиите, на кои им беа срушени привремените бараки, од каде десетина велешани го вадеа лебот за своето семејство. Додека ги рушеше бараките Коцевски, од позиција на моќ како градоначалник, не ги почитуваше законите за градежна постапка и градеше дивоградби.

Велешани се едногласни дека нема да му ја дадат поддршката на вечниот кандидат за градоначалник од СДСМ, Коцевски беше кандидат во 2000, 2005, 2009 и 2013 година. Граѓаните велат дека добро си знаат со кого имаат работа, знаат точно какви криминали направил за неговите 9 години градоначалничка функција, а посебно она што го имал ветено а го немал направено. Велешани порачуваат дека Аце Коцевски не е сигурно изборот за нивни градски татко.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека граѓаните добро знаат кои се кандидатите за градоначалник на Велес. Знаат кој е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и знаат кој е кандидатот на СДСМ.

-Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со господинот Славчо Чадиев – актуелниот градоначалник кој во изминатите 4 години покажа дека знае да работи, дека знае да се носи со предизвиците, да решава крупни проблеми и човек кој стои на зборот даден пред избори и збор запишан во изборната програма. Додека ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните излегува со Славчо Чадиев, СДСМ пред Велешани излегува со Аце Коцевски – вечниот кандидат за градоначалник, кандидат кој го предлагаат цели 17 години – кандидат на изборите во 2000, во 2005, 2009, 2013 и сега повторно во 2017 година. Велешани многу добро знаат кој е Аце Коцевски. Нема политичар кој имал толку можности да направи нешто за подобар Велес колку што за тоа имал Аце Коцевски, изјави Витанов.

Првиот мандат кој Коцевски го доби од велешани важи за еден од најцрните периоди за овој град, период кога невработеноста таму високо скокна. Во 2000 година во Велес бројот на невработени лица беше 11.197, додека во 2004 тој беше близу 17.000. Што претставува најцрниот рекорд на невработени лица во Велес. Во тие десет години додека владееше Коцевски во Велес беа затворени десетици фабрики, а не се отвори ниту една нова. Уште едно од лажните ветувања на канидатот за градоначалник на СДСМ, е и она што го даде пред вработените во фирмата Колска, а тоа е дека француска компанија ќе ја купи фабриката.

Велешани се едногласни дека тој нема направено ништо добро за својот град иако непрекинати 15 години, од 1994 до 2009, како човек кој бил на високи функции, имал можност да го направи Велес многу поубаво место за живеење, нешто што со сите сили сега го прави градоначалникот Чадиев, како што велат велешани. Коцевски беше пратеник, беше функционер во извршната власт и потоа градоначалник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This