EРДОГАН СО ЗАКАНА ДО АМЕРИКА: „Не сте го почувствувале отоманскиот удар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на Вашингтон да продолжи да ги финансира курдските сили ИПГ во Сирија ќе влијае врз турските одлуки, порача претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пред посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон неделава.

Американски извори соопштија дека Тилерсон очекува проблематични разговори за време не посетата на Турција во четврток и петок имајќи предвид дека интересите на двете НАТО сојузнички во Сирија драматично се разликуваат, пишува Ројтерс.

Турција е гневна поради американската поддршка на ИПГ која Анкара ја смета за терористичка организација и гранка на Работничката партија на Курдистан (ПКК). Вашингтон ја поддржува курдската милиција ИПГ во борбата против Исламска држава во Сирија.

„Одлуката на нашиот сојузник да ја продолжи финансиската поддршка на ИПГ сигурно ќе влијае врз нашите одлуки“, им кажа Ердоган на членовите на владејачката партија АК во парламентот.

Турција минатиот месец во Сирија ја почна воената операција „Маслиново гранче“ за да ги отстрани ИПГ од својата јужна граница. Се закани и дека ќе ја продолжи операцијата кон сирискиот град Манбиџ кој го контролираат силите на ИПГ и ги предупреди американските сили да не се мешаат.

Вашингтон, пак, објави дека нема намера да се повлекува од Манбиџ пред Турците.

„Јасно е дека оние кои велат дека агресивно ќе одговорат ако се нападнати никогаш не го почувствувале отоманскиот удар“, порача Ердоган.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This