April 25, 2024, 12:28 pm

ЗАКАНА ОД АЛБАНСКИОТ ФУДБАЛСКИ СОЈУЗ: Косово, Албанија, Македонија и Прешево ќе играат фудбал под едно знаме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Швајцарија ја порази Србија со резултат од 2-1, а головите за Швајцарија ги постигнаа косоварите Џака и Шаќири и ги прославија правејќи орел со рацете, настанот го прокоментира и портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Јона Дервиши.

Во коментар за Пешевската информативна агенција ,,Прешево Јоне’’ вели дека симболот, албанскиот орел е јасна порака испратена до Белград, но само доколку Србија ја разбере.

– Не беше тоа нормален меч, туку утакмица за гордост. Албанските орли сокриени под Швајцарија успеаа да се издигнат и да испратат порака за Србија дека се бориме за мир, а не за војна.

Портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија ја нарече победата еден од големите ,,успеси на албанскиот фудбал’’ како во државата, така и надвор од неа и додаде дека сонува еден ден за ,,голема репрезентација’’ како што пренесува српскиот Телеграф.

– Длабоко во срцето, целосно верувам дека еден ден под едно знаме ќе играат сите наши фудбалери на Илирскиот полуостров, од Албанија, Македонија, а исто не можам да ја замислам таа репрезентација и без Прешевската долина, пренесува Телеграф.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This