March 28, 2024, 11:53 pm

КОШАРКАРИТЕ ВЕЌЕ СЕ „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“: Официјалниот сајт на „Еуробаскет“ ги запиша Македонските кошаркари како „Северномакедонци“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарите на „Работнички“ и на МЗТ, Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски на професионалните профили на „Еуробаскет“ веке се запишани како кошаркари од Северна Македонија.

Перо Антиќ е македонски професионален кошаркар и член на македонскатан репрезентација. Во неговата професионална биографија се запишани клубови од земјава, Балканот но и САД каде е престиж за секој професионален спортист да настапува. Антиќ настапуваше во НБА лигата рамо до рамо со најпознатите имиња на овој спорт.

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски има бројни награди, прогласен е за најдобар кошаркар на Македонија (во 2014), поради повреда ја пропуштил сезоната 2016/17, станувајќи играч без клуб, а во јуни 2017 година, тој повторно потпишал со МЗТ Аеродром.

Чековски, пак е играч на „Работнички“, кошаркарски репрезентативец и често е меѓу петте најдобри играчи на првенствата: Еurobasket.com – Најкорисен играч на сезоната (2015г.), Eurobasket.com – домашен играч на сезоната (2016г.), Eurobasket.com – прва најдобра петорка на сезоната (2016г.), Eurobasket.com – најдобра домашна петорка на сезоната (2016г.), Најдобра домашна петорка на сезоната (2017г.), Особен придонес во сезоната (2017г.).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This