March 29, 2024, 10:30 am

ПОЛИЦИЈАТА АПСЕЛА И НА ВЧЕРАШНИОТ ПРОТЕСТ: Девет лица уапсени пред Собранието во текот на вчерашниот протест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски – фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон, соопшти МВР.

– Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски – фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон Жена парк. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети, се наведува во соопштението.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This