ПРЕТЕПАН ЕКС-ПРАТЕНИК НА СДСМ: Стојко Пауноски и неговиот син завршиле со скршеници и тешки телесни повреди, претепани пред влезот на нивната зграда!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во Тетово од страна на група Албанци е претепан Стојко Пауноски, поранешен пратеник од редовите на владејачката СДСМ.

Стојко Пауноски кој живее кај Офицерските згради во центарот на Тетово, вчера вечер околу 20 часот повиксл сообраќајна полиција откако имал расправија од соседното албанско кафуле кои му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат

Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група Албанци пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош. Неговиот татко, Стојко Пауновски од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неиндетификувани Албанци ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец.

Околу 1 часот по полноќ Пауновски и неговиот син пристигнале во градската болница каде што им била укажана медицинска помош и констатирана тешка телесна повреда на скршени коски и течки набиеници.

Случајот во Полиција бил пријавен околу 04 часот утрината.

Иако поранешниот пратеник го пријавил претепувањето во полиција, засега нема приведени лица за инцидентот

Извор
Магазин.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This