ФАЛСИФИКАТИ И МЕСТЕНИ РЕЗУЛТАТИ ВО ГОЛЕМ БРОЈ НА МЕСТА: Во село од 75 жител, во кое има преку 40 членови на ВМРО-ДПМНЕ, нема ниту еден евидентиран глас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат реакциите во јавноста од можен изборен фалсификат на изборите кои се одржаа во неделата. Голем број изборни неправилности и нерегуларности беа нотирани од страна на набљудувачите и граѓанските асоцијации, а во јавноста излегуваат уше пофрапантни примери кои покажуваат дека на изборите е правен фалсификат.

Во едно помало избирачко место во едно село, со 75 гласа, каде што има 40 членови на ВМРО-ДПМНЕ кои гласале за оваа партија, на записник немало ниеден евидентиран глас за ВМРО-ДПМНЕ. Такви случаи имало во огромен број на населени места низ државата, меѓу кои и во скопските населби Маџари и Припор.

На едно гласачко место во општина Струмица, сериските броеви на кочанот со гласачки ливчиња не биле последователни. ИО не ја повикале ОИК и одлучиле да продолжат со гласањето. Истата ситуација е забележана и на ГМ 1063 во општина Куманово.

На ГМ 2539/1, општина Гази Баба, во кочанот со гласачки ливчиња за избор на градоначалник на град Скопје имало 15 гласачки ливчиња за избор совет на град Скопје, но имале иста боја како ливчињата за избор на градоначалник.

Граѓанската асоцијација МОСТ извести за поткуп пред и во просториите на ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари, како и за присуство на неовластени лица пред средното училиште Никола Карев во Струмица кои ги евидентирале гласачите.

На неколку метри од ГМ 0858 во општина Кочани, имало собрано поголема маса на неовластени лица. ГМ 0445, с. Градец, општина Врапчиште, претседателот на ИО стоел зад параванот додека луѓето гласааат. Забележано е семејно гласање во гласачките места 0440, 0445 и 0447, во општина Врапчиште – вкупно 20 случаи во кои биле злоупотребени 44 гласови.

Во село Слупчане, општина Липково, УВ ламбата не се користела во периодот од 16:45 па се до затворањето на гласачкото место.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This