Објавено на:

Абазовиќ го избрка македонскиот директор на црногорските аеродроми!

t

Абазовиќ го избрка македонскиот директор на црногорските аеродроми!

Извршниот директор на Аеродромите на Црна Гора, Горан Јандреоски, денеска е разрешен.

Според информациите на „Вијести“, вршител на должноста извршен директор ќе биде Владан Драшковиќ до изборот на нов директор, додека потпретседателот на Босанската партија, Дамир Гутиќ, кој е близок до црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, се очекува да да биде избран за нов директор.

„Драшковиќ е именуван од Управниот одбор на „Аеродром Црне Горе“, откако претходно на редовната седница Горан Јандреоски беше разрешен од функцијата извршен директор. Одборот на директори во следниот период очекува раководството да ја забрза модернизацијата. Му благодариме на господинот Јандреоски за започнатите процеси во компанијата и досегашната соработка и му посакуваме среќа и успех во понатамошната работа“, се вели во соопштението од Аеродроми на Црна Гора.

Јандреоски официјално ја презеде функцијата пред една година, на 19 јули 2021 година, како познат регионален воздухопловен експерт од Македонија со богата професионална кариера. Бил директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Македонија, но и раководител на повеќе позиции на скопскиот аеродром.

Неговото разрешување доаѓа набргу откако Управниот одбор на аеродромот во Црна Гора, на седницата на 8 јули, го разреши претходниот Управен одбор на Јавното претпријатие Аеродроми на Црна Гора и назначи нов состав.

Според црногорските медиуми, измените се прават со цел да се дадат концесии за аеродроми на бизнисмени блиски до премиерот Дритан Абазовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…

Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…

Црногорското “ДУИ” уценува: Ако Абазовиќ сака да…

Доколку актуелниот вицепремиер на Црна Гора во…