Објавено на:

Абазовиќ: Украина да добие кандидатски статус во ЕУ

t

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека очекува Украина наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

„Се надеваме дека Украина ќе добие статус на кандидат за влез во ЕУ, а Црна Гора како лидер во преговарачкиот процес е подготвена да ја даде потребната професионална и политичка помош“, рече Абазовиќ.

Тој потсети дека Црна Гора ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина и рече дека од самиот почеток отворено ја поддржува независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според црногорската влада, Зеленски го поканил Абазовиќ да го посети Киев што е можно поскоро, што црногорскиот премиер го прифатил и рекол дека ќе им предложи на лидерите од Западен Балкан заедно да го посетат главниот град на Украина и да го поддржат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следува пресврт на настаните? Русија е подготвена…

Русија останува подготвена да преговара со Украина,…

Последен ден од референдумите во Украина: На…

На териториите на самопрогласените републики Луганск и…

(Фото) На 19 години сруши шест руски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликува војникот…

Чавушоглу: Јасно ѝ ставивме до знаење на…

Турција нема да ја признае анексијата на…

Излезеноста надмина 50% во сите региони: Претпоследен…

Излезноста на референдумот во ДНР и ЛНР…