Објавено на:

Австралискиот премиер дециден: Ѓоковиќ ќе го вратиме дома со првиот авион

t

Австралискиот премиер, Скот Морисон, денеска изјави дека светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе мора да докаже дека има медицинско оправдување поради кое не е вакциниран против коронавирусот или ќе биде испратен дома со првиот авион.

„Го чекаме неговото образложение и доказите што ќе ги приложи. Доколку нема доволно докази, ќе се однесуваме кон него како и секој друг, односно со првиот авион ќе биде испратен дома. За Ѓоковиќ нема да има посебни правила“, рече премиерот Морисон.

Тој ги даде овие забелешки по средбата со претставници на австралиските држави на која се разговарало за рекордните бројки на луѓе заразени со Ковид-19.

Претходно, Тениската асоцијација на Австралија и владата на државата Викторија објавија дека Ѓоковиќ немал никаков посебен третман за да добие медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус, која е задолжителна за сите кои ќе настапат на Австралија опен. Официјалните лица рекоа дека Ѓоковиќ бил еден од ретките, од 26-мина, кои побарале ослободување и го добиле.

Директорот на Тениската асоцијација на Австралија, Крег Тајли, рече дека процесот на добивање медицинско ослободување е направен во две фази и дека го спровеле независни експерти, односно дека сите барања за изземање морало да ги исполнуваат условите поставени од Австралиската советодавна група за имунизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СТРАШНА несреќа во Австралија: Во судир…

Четири лица загинаа во судир помеѓу два…

(Видео) Додека вие ги слушавте Карлеуша и…

Група Австралијци ја прославуваше новата година со…

(Видео) Со величествени огномети жителите на Нов…

Австралија, Нов Зеланд, пацифичките острови и земјите…

САД и Австралија ја повикаа Јапонија да…

САД и Австралија денеска ја повикаа јапонската…

Хакери ја тероризираат Австралија: Дајте 10 милиони…

Хакери бараат речиси 10 милиони долари за…