Австралија потврди рекорден број на дневни инфекции со коронавирус

t

Австралија ќе продолжи да ја отвора својата економија и покрај рекордниот број на нови случаи на инфекција со коронавирус.

Рекорден број на новозаразени денеска се регистрирани во државите Викторија, Квинсленд, Јужна Австралија и Тасманија. Во државата Нов Јужен Велс, бројот на нови инфекции изнесува 20.794, што е помалку од рекордниот број од 22.577 потврдени во саботата.

На национално ниво, бројот на новозаразени е 37.150 во изминатите 24 часа, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

– Треба да престанеме да размислуваме за бројот на нови инфекции, туку да мислиме за тоа колку е сериозна болеста, да живееме со вирусот, да го држиме сопственото здравје под контрола и да се погрижиме да внимаваме на симптомите и да продолжиме да ја отвораме нашата економија, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во земјава регистриран првиот случај на зараза…

 Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти…

ЦДЦ ПРАВЕЛ ФИНГИРАНИ АНКЕТИ: Скриени несаканите реакции…

Американските Центри за контрола и превенција на…

ШЕСТ ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА:…

Шест проценти од населението во Македонија е…

Колку сиромашните осиромашуваат, толку богатите се богатат:…

Секој десетти човек во светот е гладен,…

Страшно: Речиси 60.000 луѓе во Кина починале…

Кина денеска соопшти дека речиси 60.000 луѓе…