Австрија испраќа војска во БиХ

t

Австриската војска ќе испрати дополнителни 120 војници во мисијата на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, како засилување поради судирот во Украина.

Според извори од армијата на кои се повикуваат австриски медиуми, одлуката е донесена поради стравување дека моменталната ситуација во Украина би можела да има последици и врз регионот на Западен Балкан и зачувувањето на безбедноста и стабилноста.


Командантот на мировната операција на ЕУ во БиХ, генерал Брис Худe, побара активирање на резервните сили, со што се активирани војниците од резервата на Австрија, Бугарија, Романија и Словачка.

Во моментов сме соочени со критичен развој во Украина. Наместо, како што би сакале, решавање на проблемите по дипломатски и мирен пат, избрано е оружјето и агресија. Војната како средство за спроведување на власта не е решение – порача австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени војниците кои го критикуваа Зеленски: Ќе…

Украинските војници од 115-та бригада, кои одбија…

Војниците го откажаа протестот: Министерството за одбрана…

Министерството за одбрана ја поздравува одлуката на…

САД ќе остават 100.000 војници во Европа

САД навестуваат дека уште некое време во…

Катастрофа: Инфлацијата во Австрија највисока во последните…

Инфлацијата во Австрија скокна на највисоко ниво…

Австрија не планира да влезе во НАТО

По објавените кандидатури на Шведска и Финска…