Објавено на:

Австрија не планира да влезе во НАТО

t

По објавените кандидатури на Шведска и Финска за влез во НАТО, министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг денеска рече дека Австрија не планира да се приклучи на воената алијанса.

– Имаме сосема поинаква географска ситуација, изјави Шаленберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.


– Имаме многу поинаква историја и верувам дека тоа едноставно мора да се земе предвид, додаде тој.

Сепак, тоа не значи дека Австрија е политички неутрална.

– Нема неутралност во војна за агресија, рече тој, мислејќи на руската инвазија врз Украина. „Зазедовме многу јасен став, ги поддржуваме сите санкции и правиме што можеме од наша страна во однос на поддршката, додаде шефот на австриската дипломатија.

На прашањето дали безбедноста на Австрија може да се гарантира и покрај тоа што останува надвор од НАТО, Шаленберг рече дека Австрија има намера да ги зголеми инвестициите во својата безбедност.

– Беше важно да се сфати дека светот не е толку пријателски како што би сакале да биде, рече тој, додавајќи дека има држави кои биле подготвени да употребат воена сила за да ги задоволат своите интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нехамер гледа напредок во спорот меѓу Македонија…

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот…

Џоана: Самитот на НАТО во Мадрид ќе…

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана денеска…

Кирби: НАТО никогаш не била посилна и…

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за…

Нема консензус за влез на Косово во…

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирече Јоана, истакнува…

Да се знае кој е султанот: Столтенберг…

Шефот на НАТО „не може да гарантира“…