Австрија: Празни полиците во супермаркетите, нема зејтин, путер

Во супермаркетите ширум Австрија граѓаните наоѓаат се повеќе празни полици. Некои супермаркети изгледаат речиси празни, речиси сите производи недостасуваат на полиците, особено е тешко да се најде сончогледово масло, но постои и закана од недостиг на путер.
Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.
Војната во Украина предизвика криза која сериозно влијаеше на испораките до австриските продавници. Недостигот од многу производи е предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно немањето испораки, јави „Танјуг“.
Исто така, состојбата дополнително ја влошува и тоа што дел од граѓаните купуваат на големо. Причината за недостигот на нафта е тоа што три четвртини од сончогледовото масло во светот доаѓа од Русија и Украина.
Слично како и во Австрија и Германија трпи сериозни последици од војната во Украина кога станува збор за снабдување со основни прехранбени производи, пренесува агенцијата Анадолија. Полиците во маркетите со сончогледово масло и брашно се уште се празни, а цената на маслото за готвење од 1,5 евро за литар поскапе три пати, па сега е околу пет евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинците бесни: Унгарија објави карта од Украина…
Украинското Министерство за надворешни работи ја укори…
ТАЖНА ВЕСТ: Малата Ана не успеа да…
Девет годишната Ана Аргировска од Куманово, за…
Невреме го зафати и Прилеп
Попладнево околу 18 часот регионот на Прилеп…
Ни треба целото оружје што го имате…
На Украина ѝ недостига оружје за контраофанзива,…
(Видео) Голем број демонстранти на протестот “Србија…
Со бројни транспаренти десетици илјади граѓани на…