Објавено на:

Австрија: Ќе продолжиме да плаќаме за рускиот гас во евра, а не во рубљи

t

Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн.

„Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс24.

Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател Владимир Путин во која се наведува дека „непријателските држави ќе го плаќаат рускиот плин во рубљи“.

-Никој се уште не ни се јавил, има и валидни договори во кои такво нешто не е вклучено, изјави првиот човек на австриската компанија и додаде дека ќе чекаат евентуално известување.

Рускиот претседател вчера попладне на седница на владиниот кабинет најави промени во наплатата на гасот.

-Русија, се разбира, ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и според договорените цени. Ќе се промени само валутата на плаќање, во руски рубљи, рече Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

51-годишен кичевчанец тепал и ѝ се заканувал…

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево,…

Исмаил: Штајнмајер има функција за шетање по…

Портпаролот на Левица, Реџеп Исламил, на Фејсбук…

Левица Битола: Левица не се извинува никому,…

Една недела Бојкоски не дава отчет зошто…

Кога се има визија и напорно се…

Кога се има визија и напорно се…

Блинкен: Русија варварски војува против цивилите во…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во…