Академик Ќулавкова: Широката коалиција во мигов е стапица, но и показ дека нема опозиција и дека „тешката одлука“ лесно ќе биде донесена

t

Академик Катица Ќулавкова на Фејсбук објасни дека непочитување на меѓународните конвенции и Повелбата на ОН не носи ништо добро за Македонија, но и констатира дека Македонија во моментов нема опозиција, а “тешките одлуки” ќе бидат лесно донесени.

Во продолжение објавата на Ќулавкова на Фејсбук:

Отстапките од меѓународните конвенции на УН и Повелбата на ОН никому не донела ништо добро, па ни на Македонија. Постојаните ревизии на Уставот на Република Македонија и на неговата Преамбула од 1993 до денес ја обезличија нашата држава: ниту е повеќе демократска (се претвори во етнократска и мултиетничка, врз начело на позитивна дискриминација кое ескалира до невидени размери), ниту е унитарна, ниту е независна.

Последиците од тие отстапки се далекусежни и ненадоместливи. Отстапките се прават на барање на некоја соседна држава и членка на ЕУ, ама со дипломатска поддршка на западната меѓународна заедница и сервилен и недостоинствен однос на владејачката политичка елита. Таа создава илузија дека ако Македонија и Македонците се откажат од некоја своја стекната и легитимна и суштествена придобивка, ќе добијат нешто од врвно значење за иднината на Македонија. Тоа нешто постојано се одлага како лажно ветување и како „опиум за народот“.


Отстапките од легитимните референдуми 1991 и 2018 година исто така не водат кон добро. И тие се дел од стратегијата на повреда на македонските државни/национални интереси.
Се чини дека нашава држава работи за туѓи државни и геополитички интереси. Ги прифаќа сите притисоци, диктати, се помирува со секое вето. Од готово прави вересија и тоа го прогласува за успех. Не бара реципроцитет. Го жртвува македонското малцинство во соседните и далечните држави, откажувајќи се од него.


Таков е современиот македонски синдром. А сите знаеме, штом нема македонска нација – нема ни македонско национално малцинство, нема континуитет во простор и време на македонската култура, народ и јазик.


Драконски мерки против негувањето на сопствената колективна меморија, апсолутна толеранција на туѓите национализми и претензии на штета на македонскиот национален интерес.
Широката коалиција во мигов е стапица, но и показ дека нема опозиција и дека „тешката одлука“ лесно ќе биде донесена. На рати или не, таа е веќе со ветен потпис.
Можеби не вреди да се каже вистината, но неморално е да се премолчи.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…