Ако не ги „расчистат“ работите во коалицијата, ЛДП ќе ја напушти владејачката коалиција?

t

Дали ќе излезе или не од владејачката коалиција, ЛДП има став, но како што вели претседателот на партијата Горан Милевски, ставот нема да го соопштат јавно се додека не ја „расчистат“ ситуацијата во коалицијата.

На прашањето, дали ако Владата го прифати францускиот предлог, ЛДП ќе остане во владејачката коалицијата, лидерот на ЛДП Горан Милевски во одговор за Инфомакс вели дека по тоа прашање имаат став, но дека ќе го соопштат јавно откако ќе ги „расчистат“ односите во коалицијата.

– Став имаме по ова прашање но се додека не ја расчистиме ситуацијата внатре во коалицијата јавно нема да го соопштуваме, вели Милевски за Инфомакс.

За ЛДП, Демократски сојуз и ДОМ францускиот предлог е неприфатлив. Трите партии најавија дека ако се прифати овој предлог, ќе излезат од влада. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и владата треба да го отфрли.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајанов нема коментар, Морачанин лично не е…

Помалите политички партии, коалициоани партнери во Владата…

ЛДП: Преговарачката рамка не треба да содржи…

Преговарачката рамка треба да ги вгради европските…

Ако не ги „расчистат“ работите во коалицијата,…

Дали ќе излезе или не од владејачката…

Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…

На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…