Ако поседувате недвижности сте во голем плус: Цените на становите повисоки од 12,4 проценти во првиот квартал годинава

t

Цените на становите во првиот квартал годинава бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.

Во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот за 11,2 процента

.

Извештајот на НБ за монетарните движења во март годинава покажува дека кај одобрените станбени кредити на физички лица е забележан месечен раст од 1,5 проценти, при годишен раст од 15,8 проценти.

Од вкупно издадените 250 одобренија за градба во март годинава, 138 се наменети за објекти за високоградба.

Во периодот јануари – декември лани во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгаснат пожарот на дабова шума во липковско…

Изгаснат е пожарот на дабова шума во…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Македонија има најбрз интернет во регионот

Македонија има најбрз интернет во регионот, а…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…