Ако се прифати бугарскиот ултиматим ЌЕ СТАНЕМЕ ПЛЕМЕНСКА ЗАЕДНИЦА

t

Според професорот Љубомир Цуцуловски, менувањето на Уставот за во него да се внесат и Бугарите, ќе има несогледливи последици по целото македонско општество. „Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира“, вели Цуцуловски.

ПАРЦИЈАЛИЗАЦИЈА.

Нормална и разбирлива е можноста секој припадник на бугарското малцинство во Република Македонија да може слободно да ја изразува својата етничка припадност, без да има какви било последици за тоа. Меѓутоа, сосема неразбирливо е ова малцинство да влезе како конститутивен елемент во Уставот, на кое (под некакви услови) се сеглосува претседателот на Државата Стево Пендаровски, така и претседателот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи последиците од ваквата одлука ќе имаат несогледливи димензии за целото македонско општество.

Наместо да се оди кон постепено менување на Републиката во правец на граѓански концепирана држава, таа сѐ повеќе и повеќе се етнизира/трибилизира/племенизира. Конечниот резултат, суштински гледано, ќе биде исчезнување на категоријата граѓанин, без која не е можна современа, демократска и ефикасна држава во секој поглед. На дело е, за жал, парцилизација на Република Македонија, процес на кој скоро никој не му се спротивставува, вели професорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Додик успеал да ја премине границата…

И покрај налогот за апсење, претседателот на…

Четворица лихвари од Охрид изнудиле вкупно 17.990.000…

Кривични пријави се поднесени против четири лица…

Вулин очекува руската безбедносна служба ФСБ да…

Вицепремиерот на Србија Александар Вулин изјави дека…

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека…

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека…

Судир во Подгорица меѓу „аудито “ на…

Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се…