Активен е на Твитер, игра тенис, бил штитеник на папата Франциск – Што знаеме за новиот папа Лав XIV?

Новиот папа за себе вели дека е „прилично добар тенисер-аматер“ и изгледа помлад од своите 69 години. Некои одат дотаму што велат и дека е многу симпатичен маж, според стандардите за еден папа. Што знаеме за Лaв XIV, првиот Американец избран за папа?
Роберт Френсис Превост (69) синоќа беше избран за 267-иот папа, а името под кое отсега ќе го ословуваат во целиот свет е Лaв XIV.
Тој е првиот Американец кој бил избран за папа, иако многумина го сметаат за кардинал на Латинска Америка, поради тоа што голем дел од својот живот го помина на мисионерска работа во Перу.
Неговиот избор за папа го најави белиот чад над Ватикан, а тој потоа се појави на балконот на базиликата Св. Петар, каде што беше претставен пред светот.
Уште пред да излезе на терасата, илјадници верници стоеја пред базиликата во исчекување и скандираа Viva il Papa (Да живее папата).
"We cannot build a just society if we discard the weakest—whether the child in the womb or the elderly in their frailty—for they are both gifts from God."
-Bishop Robert Prevost, now Pope Leo XIV pic.twitter.com/79lfmAh59h
— Lila Rose (@LilaGraceRose) May 8, 2025
Што знаеме за новиот поглавар на римокатоличката црква?
Роден е во Чикаго во 1955 година, а неговите родители биле од шпанско и француско-италијанско потекло.
Од дете бил поврзан со црквата и бил олтарско момче.
Во 1975 година донел голема одлука – иако бил примен на Харвард, ги напуштил студиите и избрал целосно да се посвети на религијата.
Во 1982 година бил хиротонисан, а три години подоцна се преселил во Перу за да им помага на сиромашните.
Но, редовно се враќал во САД за да служи како свештеник и игумен во неговиот роден град.
Во Перу, пак, 10 години служел и како парохиски свештеник, но бил и како учител во областа Трухиљо во северозападниот дел на земјата.
Американецот, исто како и неговиот претходник, папата Франциск, има прогресивни ставови.
Токму затоа, неговиот избор беше изненадување за многумина, бидејќи се веруваше дека по 12-годишното „владеење“ на Франциск, кардиналите овој пат ќе бараат кандидат кој е поумерен, со поконзервативни ставови, кој, на пример, би се фокусирал на социјална правда, а не на правата на ЛГБТ заедницата.
Но, новиот папа беше штитеник на претходниот папа Франциск, кој во 2015 година го наименува за епископ на Чиклајо, град во Перу.
Во 2023, Франциск му додели на Превост и една од најмоќните позиции во Ватикан – префект на дикастеријата на епископи, што самото по себе носи огромен статус во католичката црква.
За новиот папа Лео се вели дека е урбан, шармантен и компетентен администратор.
Тој, пак, за себе вели дека е „прилично добар тенисер аматер“ и изгледа помлад од своите 69 години.
Некои одат дотаму што велат и дека е многу симпатичен, според стандардите за еден папа.
Лaв XIV беше избран по неполни 48 часа од почетокот на заседавањето на конклавата, по четвртото гласање на кардиналите, што покажува дека тој има способност да допре до различни фракции во Ватикан.
А способноста за дипломатија но и лидерство, ја покажа со тоа што за помалку од два дена успеа да освои двотретинско мнозинство од 89 гласови за победа, и притоа ги убеди центристите и умерените конзервативни кардинали да му веруваат.
Во првото појавување на балконот на базиликата Св. Петар, новиот папа беше облечен во полна церемонијална облека, за разлика од неговиот претходник, па многумина веруваат дека иако е прогресивен, Лaв XIV, сепак ќе им биде наклонет и на конзервативните кардинали.
Интересно е што новиот папа често користи Твитер и таму ги споделува своите ставови.
Изборот на Лав XIV беше поздравен ширум светот, честитки пристигнаа од повеќето светски лидери, а меѓу стотиците илјади луѓе кои стоеја во Ватикан и го чекаа појавувањето на новиот папа, беше забележан и пејачот Хари Стајлс.
Погледнете го видеото од првото појавувањето на новиот папа на балконот во Ватикан и неговото претставување во светот:
The first American Pope, Pope Leo XIV, is Robert Prevost from Chicago, and he gets emotional on the balcony of St. Peter's Basilica at the Vatican.
He is 69 years old and is viewed as a centrist, but is progressive on some key social issues.
Like Pope Francis who championed… pic.twitter.com/SqXqIk0Vdo
— Art Candee 🍿🥤 (@ArtCandee) May 8, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активен е на Твитер, игра тенис, бил…
Новиот папа за себе вели дека е…
На денот на судењето за Фросина, вечерва…
Кај „Сити мол“, денеска околу 18.40 часот…
Родителите на починатите од Кочани ја одбија…
Во врска со телефонската покана од Кабинетот…
(Фото) Мицкоски фотографиран на одмор во Виена
Премиерот Христијан Мицкоски најверојатно е на краток…
Вучиќ откри за што разговарал со Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…