Активиран ДАНС: Советничка на Кирил Петков под истрага за пренесување информации на македонски државјанин

t

Бугарските власти водат предистражна постапка против советничката за надворешни работи на поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, Весела Чернева за издавање на информации за позицијата на Софија за влезот на Македонија во ЕУ, изјави првиот човек на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев.

Како што објави 24 часа.бг, во одговор на прашање на пратеникот на националистичката партија Преродба „дали биле издавани информации за преговарачкиот процес на Република Македонија и за чекорите што ги презема бугарската држава“, Тончев во бугарското Собрание, без да го спомне името на Чернева, изјави дека е покренат случај за тоа дека „тогашен советник на премиерот ги координирал ставовите на МНР со државјанин на Република Македонија“.

– Нема да можам да одговорам детално, бидејќи е поведена предистражна постапка, одговори Тончев.

Според него, некои министри од тогашната бугарска Влада „дефинитивно не го штителе националниот интерес“ на Бугарија.

Ова не се први обвинувања на сметка на Чернева во врска со земјава. Поранешната шефица на бугарската дипломатија Теодора Генчовска во една прилика ја обвини Чернева дека води паралелна надворешна политика и дека лобира во преговорите со Скопје.

Кабинетот на Петков беше на власт од декември 2021 до август 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…