Активисти на Левица задржани од полицијата пред Влада затоа што мирно протиестирале против посетата на Кирил Петков
Владата на Кирил Петков ги продолжува негаторските политики на неоврховизмот кон Република Македонија, додека Владата на Ковачевски, доколку имаше државотворен капацитет, веднаш ќе ја откажеше средбата после срамната изјава на Петков за непостоење на македонско малцинство.
Владата на Република Македонија има уставна должност да се грижи за правата на Македонците во соседните држави, а за шовинистичките политики на бугарските власти говорат 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права за кршење на човекови права на македонското малцинство. Лицемерието на европската дипломатија спрема Македонија продолжува, која премолчено го одобрува ваквото брутално кршење на човекови права, додека користи перфидни методи за притисок и уцени врз македонскиот народ.
На мирниот протест, членовите на Левица со транспарент беа легитимирани од полицијата и задржани повеќе од половина час, како своевиден притисок од органите на прогонот при изразување на правото на мирен протест. За потсетување, пред само неколку дена, неофашистички групации парадираа сред Скопје со знамиња на Цар Борис, заштитени со придружба од полицијата на Оливер Спасовски!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациентка со рак на бели дробови се…
Рак на белите дробови во 4-ти стадиум…
Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци
Центарот за управување со кризи информира дека…
Петровска кон Мицкоски: Среќна нова 1949 година!
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи…
Маск го повтори своето несогласување со законот…
Американскиот милијардер Илон Маск го повтори своето…
Трамп застана зад Нетанјаху за судењето: „Пуштете…
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата остро…