Акциска контрола на МВР: Казина во Прилеп, Битола и Кавадарци работеле незаконски

При спроведена контрола од страна на припадници на полицијата и инспектори, во текот на изминатата вечер регистрирани се непрописи во работењето на казино во Кавадарци, Прилеп и Битола.
Од МВР информираат дека во казино во Кавадарци е констатирано непрописно работење од страна на УЈП, а затекнат бил и еден малолетник во објектот. Од страна на УЈП било евидентирано неправилно работење и во казино во Прилеп, додека глоба за неводење на книга на благајна, согласно член157 од Законот за игри на среќа, од страна на УЈП е изречена и за казино во Битола.
За прекршоците ќе бидат поднесени соодветни санкции.
Покрај заедничките контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен, ноќеска биле извршени и контроли во угостителски објекти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството ќе ја истражува смртта на 6-годишното…
ЈЗУ Клиничка болница-Битола ги известила обвинителството и…
Што се случува?! И наставник во Прилеп…
Битолската полиција вечерва го приведе 54 годишниот…
Најкреативни затвореници во светот, МВР објави видео…
Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна…
За првпат Европската регионална конференција на ИНТЕРПОЛ…
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата…
Акција на МВР: Скопјанец чувал еден килограм…
38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во…